Кермес / Ѓоргоски, Христов

Година: 2019/2020

Семестар: IX-ти

Предмет: Интегративно студио

Автори: Никола Ѓоргоски, Дарко Христов

Универзитет: Архитектонски факултет – „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ментор: Проф. Д-р Минас Бакалчев , Доц. Д-р Саша Тасиќ , Александар Петановски, Гордан Петров, Марија Петрова

Локација: Кермес – Градски парк, Скопје

 

 

Целта на ова интегративно студио беше да се интервенира во Градски парк – Скопје, поточно локацијата на ресторанот Кермес, култното место на старо Скопје. Кермес не само што претставувал скривалиште од летните горештини, туку и место кое се преплетува со природата, место каде и возрасните и децата уживале. И ако денес ја нема некогашната градба, местото сеуште е тука, сеуште ја има суштественоста на природната и создадена средина, интензитетот на специфичната флора и фауна на паркот, геометриската основа, аксијалите на барокната градина како и атмосферата на оваа зелена оаза во паркот.

 

 

Нашиот концепт почна да се развива со идејата да се создаде една “лебдечка” структурa со елегантна завршница која ќе се надоврзи на постоечкиот Кермес и ќе се втопи во самото зеленило на паркот со што ќе се создаде чувство на смиреност и допир со природата. Како простор кој е од јавен карактер, воведивме нови содржини со кои би се вратил животот на ова место како и на целиот парк,а тоа се:  ресторан, место за привремен престој, зелена кровна тераса, место за претстави и свирки на отворено како и место за одржување на летната школа за архитектура.

 

 

 

Бидејќи локацијата е во дел на паркот кој е доста фреквентен, пристапот до објектот е од сите четири страни.Кермес е издигнат од нивото на терен па пристапот од две страни е со рампи, а од две страни со мали мостови.

Објектот се состои од 3 новоа во кои ги распределивме просторно-програмските содржини.

 

 

Почнувајќи од подземното ниво кое и денес го има Кермес, го искористивме за ресторан кој е осветлен преку насипи кои се наоѓаат на јужната и северната страна. Приземјето е наменето за свирки, претстави на отворено, но и како музеј за историјата на Кермес, оставајќи на посетителите да ја почувствуваат оваа платформа со недовршени фрагменти на столбови и ѕидови.

 

 

Првиот кат се состои од станбени единици кои се наменети за привремен престој, за гости во ресторанот или за студенти за летна школа за архитектура. Исто така на ова ниво се сместени содржините за социјализација и работа во групи.Самата структура која се надоврзува на Кермес е атриумски решена, односно на катот се појавуваат станбените единици со отворена тераса, а завршува со кровна тераса на која се пристапува преку скали. Самата бетонска завршница која ја има нашиот објект е поврзана со првиот кат од две страни преку амфитеатрални скали кои се комбинација од бетон и стакло, а од две страни со стакло, така што кога гледаме во оваа структура се рефлектираат дрвјата и зеленилото од паркот.Како една визуелна бариера се појавуваат бетонски столбови врз кои се потпира завршницата.

 

 

Целосната интервенција се заврши со потези во однос на аксијалата исток-запад, така што следејќи го модулот, на западната страна на паркот поставивме трем, како урбан елемент кој е интегриран во паркот, но во една смалена верзија на самата структура на Кермес.