КИОСК К67 / Десподов

„Киоск  К67“ е проект на Ѓорѓи Десподов, кој го претставува во различни атмосфери и поставувања на светлина во одредени простори, ставајќи доза на надреализам.
К67 е дизајн на словенечкиот архитект и дизајнер Саша Ј. Махтиг, создаден во 1966 година. Неговиот систем е базиран на  модули, кои можат да се користат самостојно или комбинирани во големи агломерации.
—
—
—
Низ градовите најчесто се појавува  како киоск за весници, контрола  на паркинг, продавници, студентски кафулиња или штандови за лотарија,  истовремено лесно видливи и достапни.
—
—
Ѓорѓи Десподов  е мултидисциплинарен дизајнер од Прилеп, Македонија.
Работи во полето на  визуелните уметности и создавање на концепти преку широк спектар на дисциплини како што се графички дизајн,3д визуализации и илустрации. Дипломира Рекламен дизајн на Националната Академија за  Уметности во Софија jуни 2019 година и  во моментов работи како freelance графички дизајнер и 3д илустратор.
—