Kонкурсен труд за проширување на Архитектонски – Градежен Факултет во Скопје / Чипан, Волканов, 1973

 

Kонкурс:  Локален анонимен конкурс за проширување на Архитектонски – Градежен Факултит при УКИМ, Скопје

Автори:  Борис Чипан, Михајло Волканов

Година: 1973

Локација: Скопје

 

Дворот на Архитектонскиот и Градежниот Факултет во Скопје, честопати бил тема на архитектонски размислувања, дискусии и фантазии, а во 70-те бил и организиран локален конкурс за проширување на факултетската зграда. Во прилог ви го презентираме предлог-решението на професорите Борис Чипан и Михајло Волканов.

 

 

Денешен контекст на локацијата

 

 

Сите кои поминале подолг период во постоечката зграда на факултетите биле соочени со нејзината најголема маана – линеарно движење кое речиси секогаш завршува во ќор-сокак.

Авторите предложуваат нов волумен во јужно-западниот дел, кој го затвара комплексот и му дава  кружна циркулација.

Овој нов волумен би се наоѓал на место на денешниот паркинг, а помеѓу постоечките и новите згради би се формирале три атриуми. Поделбата на габаритите ја создава и поделбата на програмите, секое крило има различни намени за различни едукативни насоки или генерации.

 

 

Конкурсното решение во денешниот контекст

 

 

Доградбата исклучително ја зголемува површината на факултетот. Впрочем, станува збор за два споени габарити, од кои едниот е висок 6 ката а другиот 10. На фасадите забележуваме дека станува збор за каскадно развивање на висината кон центарот на парцелата.

 

 

Планови ниво 5 – 10

 

 

Објектот максимално го искористува подземното ниво, со голем сутерен кој сместува низа лаборатории и паркинг. Ослободувањето на партерот и повлекувањето на објектите од уличниот фронт, остава простор за ново зеленило во западниот ќош на парцелата, помеѓу бул. Партизански Одреди и ул. 29-ти Ноември.

 

 

План на сутерен

 

 

Денешниот парк и влез на факултетот се задржуваат, но со секундарна улога. Авторите дизајнираат нов главен влез директно од бул. Партизански Одреди.

Замислете, на местото каде денес ја среќаваме малата трафика за автобуски билети, грандиозен влез кој води до голема аула. Позади неа, амфитеатар кој е двојно поголем од постоечките амфитеатри на Архитектонски или Градежен. Пет скалишни јадра водат до 10 нивоа исполнети со училници, големи сали, кабинети, простори за изложби, итн.

 

 

План на приземје

 

 

Димензиите на целиот комплекс се навистина импресивни. Можеби во 70-те плановите за раст на овие факултети биле поамбициозни, но со оглед на денешните потреби на двата факултети, оваа големина е навистина прекумерена.

 

 

План на ниво +1

 

 

План на ниво +2

 

 

Интересно е како ова решение ни го материјалира потенцијалот на оваа точка. Станува збор за голема површина покрај еден од најфрекфентните булевари, во една од најактуелните точки во градот. Денес оваа зона е паркинг со мали бараки, а со внимтелен и паметен дизајн, може да вклопи висококатница без да го деградира околниот контекст.

Се разбира дека било каков нов објект тука би требало да е соодветна припрата на едукативниот комплекс. Тоа би можело да значи државна инвестиција од полето на образованието или културата, или пак можеби некое интересно јавно-приватно партнерство кое би придонело до одржливоста на самиот комплекс.

Доколку повторно да се развие интерес за современите можности на оваа локација, дискусијата мора да е во рацете на Архитектонскиот Факултет кој веруваме дека соодветно би делегирал уште еден ваков конкурс на архитектонски решенија.

 

 

План на ниво +3

 

 

План на ниво +4

 

 

Јужна и источна фасада

 

Автор на статија: