Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак избрана за Потпретседател на ECEC (Европскиот Совет на Инженерски комори)

26-то Генерално собрание на ECEC (European Council of Еngineers Chambers ) се одржа на 22 ноември 2024 година во Фрајштат, Австрија со широк спектар на дискусии, извештаи и информации.

Собранието беше изборно и се изврши избор на Претседател, генерален секретар, три потпретседатели и благајник. Изборот на Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак за Потпретседател на ЕЦЕЦ за мандатиот период 2025-2028 година е уште една потврда за позитивните политики на раководството на Комората и исклучителната посветеност и интегрираност кон современите текови на Европската Унија.

 

 

Ова е прв случај каде покрај македонската претставничка, истовремено се бира и жена за Претседател а тоа e Нина Дражин Ловрец- Претседателката на Хрватската Комора на градежни инженери.
Во новиот состав на Управниот Одбор на ЕЦЕЦ во наредниот мандатен период од три години ќе работат:

Претседател: Nina Drazin Lovrec , Хрватска
Потпретседател: Кристинка Чулак, Македонија
Потпретседател: Juan Blanco Lino, Шпанија
Потпретседател: Roberto Orvieto, Италија
Генерален Секретар: Klaus Thürriedl, Австрија
Благајник: Filip Аchla, Полска

 

 

Ова претставува уште едно големо признание за Македонската Комора, која е посебно ценета во меѓународната инженерска заедница. Особениот фокус на следење и имплеметирање на најсовремените текови во инженерството на Претседателката Чулак, резултираше со несомнено и заслужено меѓународно признание.

На сите избрани лица во новото раководство на оваа престижна европска организација им посакуваме успешна и плодна работа во насока на остварување на целите зацртани во стратегијата на Европскиот Совет на Инженерски комори.

 

Извор >>> КОАИ