Крстилницата во Стоби во својот оригинален изглед после 1400 години

Извори: Стоби, Сакам да кажам,  Б. Несторовска

Тековно се случува реализација на проектот за конзервација и реставрација на крстилницата од Епископската базилика во Стоби, по што треба да се врати оригиналниот изглед од  VI век. Проектот е финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културното наследство во Македонија, доделен во 2016та година, додека со работа се започна минатата година и продолжи во 2018та.

Активностите опфатија интервенции на мозаичните подови, како и на камената пластика, по што за прв пат ќе имаме прилика да ги видиме мермерните столбови вратени на своето место како и кантаросот после 14 века од нивната изградба.

Активностите на националната установа- Стоби, се видни и на нивната facebook страна, каде често се споделуваат видеа за заинтересираните на тематиката.

Крстилницата се наоѓа јужно од базиликата. Има четирилистна форма впишана во квадрат и била покриена со купола. На средината има писцина со скали на две страни. Писцината била покриена со балдахин потпрен на мермерни столпчиња. Подот во крстилницата е декориран со мозаици на кој се претставени пауни помеѓу кои има кантарос и елени помеѓу кои има канатарос. Ова е илустрација на Давидовиот псалм 42. Ѕидовите биле украсени со фрески со претставени светители. Од почетокот на 6 век покрстувањето не се изведувало со потопување во писцината, туку за таа намена во употреба бил голем мермерен кантарос.“