Куќа за индивидуално домување „Дрезденска“ / Ателје Ајвар

 

Година: 2019/20

Локација: Тафталиџе, Скопје

Автори:  Миодраг Радоњиќ – Бато, Ранчо Христов, Ана Радоњиќ, Дамјан Христов

Студио: Ателје Ајвар

Вкупна површина: 435 m2

Површина на парцела: 367 m2

Проектот е добитник на наградата BIGSEE во категоријата индивидуално домување >>>

 

Оваа индивидуална куќа за домување е лоцирана во атрактивната скопска населба, Тафталиџе, која е во непосредна близина на центарот на градот. Населбата е дефинирана од повеќе атрактивни фамилијарни куќи и мали современи повеќесемејни резиденцијални објекти.

 

 

Проектирањето е започнато во 2017 година. Согласно урбанистичките параметри, кои дозволуваат и поголема височина на објектот, клиентот инсистираше на куќа на две нивоа со современ естетски израз.

 

 

Влезот ве упатува кон централното скалиште кое ги врзува етажите. Секој кат е третиран како посебен апартман. Приземјето е проектирано за двајца родители, додека катот за децата.

Подрумот е поделен на два дела. Пониското ниво е наменето за техничка соба, визба, винарија, додека останатиот простор е организиран со бар, место за забава и кино.

 

Основа  на подрум

Основа на приземје

Основа на кат

 

Ви парцелата се предвидени две паркинг места во предниот дел, додека во останатиот дел се развива градината со терасата поврзана со приземјето. Второто ниво – катот има тераса со одличен поглед кон планината Водно.

 

3Д визуелизации

 

Ателјето Ајвар е едно од првите приватни архитектонски бироа, во Македонија. На пазарот опстојува повеќе од 30 години, испишувајќи дел од историјата на македонската современа архитектура. Референцата укажува на повеќе комерцијално реализирани проекти во кои спаѓаат згради, хотели, баки, амбасади, музеи, резиденцијални објекти, објекти за индивидуално домувајње, клубови, ентериери, болници итн.