Ламенти за велешките куќи / Хаџиева-Алексиевска, Волињец
21.12.2020 • XVI - XIX век Литература
Наслов: Ламенти за велешките куќи
Автор: Радомир Волињец, Јасмина Хаџиева-Алексиевска
Година на издавање : Скопје 1988
Издавач: Архитектонски Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Едиција: Белешки за архитектурата и урбанизмот 1
Достапна во: библиотеката на Архитектонски Факултет, Скопје
Авторите уште во 80-те започнуваат со документација на културното наследство кое ни исчезнува со неверојатна брзина – старата велешка куќа. Тие нѐ воведуваат во историјата на градот и неговите градителски трендови, по што нѐ запознаваат со 12 примери кои се детално опишани, исцртани и фотографирани.
Овие цртежи веројатно му се познати на секој некогашен студент по предметот Историја на Архитектурата во Македонија на АФС. Тие се прецизни прикази на главните елементи на велешките куќи: косниците, венците, дрвените таваници, мунсандри, чардаци, итн. Како заклучок авторите ни ја презентираат и големата слика, општите белези на велешките градители и нивните главни композициски елементи.
Оваа документаија е исклучително корисна за универзитетскиот курикулум, а како изминуваат годините и се повеќе стари велешки куќи изчезнуваат, нејзината вредност неизмерно расте како историско сведоштво за градбите кои можеби наскоро ќе станат минато.
Публикацијата содржи описи, планови и фасади на следните објекти:
- Куќа на Гарберова Пандора | ул. Владимир Назор, 136/1;
- Куќа на Паунов Ѓорги, Манев Киро | ул. Јован Алабаков, 8, 10;
- Куќа на Тренчева Бона | ул. Јован Алабаков, 5;
- Куќа на Спасиев Богдан | ул. Јован Алабаков, 1;
- Куќа на семејството Касапови | ул. Максим Горки, 66;
- Куќа на семејството Есмерови | ул. Ѓорѓи Димитров, 48;
- Куќа на ул. 29 Ноември, 1;
- Куќа на Парнарова Богданка | ул. Јован Алабаков, 3;
- Куќа на Коста Рацин | ул. Коста Рацин, 29;
- Куќа на Алчева Лидија, Чентева Марија | ул. Владимир Назор, 44;
- Куќа на ул. Петре Михов, 3;
- Куќа на Дончов Ацо | ул. Браќа Крапчеви, 6;
По презентација на примерите, авторите ја разгледуваат композицијата на велешката куќа преку:
- Основни принципи на композицијата на велешката куќа:
а) Организација на станбената површина;
- Средства на просторната композициска изграденост на куќата:
а) Насоченост;
б) Симетрија и асиметрија во композицијата на куќата;
в) Ритмизација како средство за композициска хармонизација;
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
АФС / велешка архитектура / Ј. Хаџиева - Алексиевска / Јасмина Хаџиева Алексиевска / Македонска куќа / Р. Волињец / Радомир Волињец / стара велешка куќа