Леснотијата на сечењето дрва

Темата со градското зеленило е во фокусот на Скопје повеќе од 20 години. Се загубија многу зелени површини, се пренаменија паркови во градежно земјиште, се исекоа многу дрвореди.

Но она за кое не зборуваме доволно, а учествува во вкупниот број на дрва и придонесува за општата состојба на воздухот е губењето на дворското зеленило со изградба на секоја една зграда на местото на куќа.  Градот губи најмалку едно, а честo и две до три, во некои случаи и повеќе високи стебла дрва. Со тоа се менува и микроклимата и поголемата слика за зеленилото, атмосферата на пејсажот и ред други работи.

 

Пред и потоа / Споредба со Google street view и тековна состојба

 

Она што воопшто не постои е контролата и записот на дрва во приватните имоти. Се почесто се сечат дрва од апсурдни причини и во дворовите на куќите. Најчестото образложение е дека сопствениците се неволни да ги чистат дворовите во есенскиот период од лисја и иглички, им пречат на погледот, страв од паѓање, собирање на многу птици и измет во дворовите итн.

 

Пред и потоа / Споредба со Google street view и тековна состојба

 

Тука не говориме за болни дрва, дрва кои се потенцијална опасност, или пак влегуваат во обемот на објектот, туку говориме за здрави стебла, кои се во добра состојба и не постои реална оправданост за нивното сечење.

 

Пред и потоа / Споредба со Google street view и тековна состојба

 

Денес оваа слика ја презентираме низ примерот на 11 Октомври – бараки и тенденцијата на сечење повеќедецениски дрва, каде ниту магнолиите не успеаваат да ги убедат сопствениците на милост од сечење.

 

Пред и потоа / Споредба со Google street view и тековна состојба