Македонски проекти кои конкурираат за наградата „Mies van der Rohe“

Извор >>>


Наградата на Европската унија за современа архитектура , која го носи името Mies van der Rohe е награда што секоја втора година ја доделуваат Европската унија и фондацијата „Мис ван дер Рое“, од Барселона, со цел да се признае и награди квалитетната архитектонска продукција на територијата на Европа.

Наградата е создадена во 1987 година, од страна на Европската комисија, Европскиот парламент и фондацијата „Мис ван дер Рое“. Наградата е наменета за сите реализирани дела  во Европа во период од две години пред доделувањето. Делата може да ги предложат независни експерти, национални архитектонски здруженија или советодавниот комитет, а потоа истите ги оценува жирито кое се состанува за секое издание. Петте  дела  кои влегуваат во финалето ги посетува жирито,  пред да ја донесе крајната одлука.

Почнувајќи од 2016 година е воведена и новата категорија- награда наменета за младите таленти во светот на  архитектурата (YTAA), која сака да  ги истакне најсупешните завршни проекти на неодамна дипломираните архитекти, пејзажните архитекти или  дизајнери.

Оваа година,  за главната награда конкурираат следните проекти од Македонија:

  • Плоштад „Скендербег“ –  BMA, QB ARHITEKTURA, BINA
  • „Chelsea“ бизнис центар –  GMS
  • „Урбан модулар“ – Сара Симоска архитектура, МЕЛЕЕМ Скопје
  • Станбен објект „Стогово 14“ – Attika architects

Со среќа ! 🙂