МЕЃУНАРОДЕН АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС – МИКРО ЕКО КУЌА 2022

Здружението Екокултплус, Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград и Магазинот за еко архитектура и култура ЕКО КУЌА, го распишуваат Вториот меѓународен архитектонски конкурс за идејно архитектонско решение на тема МИКРО ЕКО КУЌА 2022.

Конкурсот е отворен за младите архитекти, дизајнери, пејсажни архитекти и уметници кои се бават со применетата уметност до 30 години и студенти на факултетите од наведените области.

Проектантската задача вели дека објектот не смее да биде помал од 7m2,  ниту поголем од 25mлоциран на замислена и хипотетичка локација, на град или на село, било каде во светот.

Препораки:

  • потребно е да предложите концептуален систем за производство на електрична енергија;
  • да предвидите систем за собирање и филтрирање на атмосферска вода;
  • да направите стратеија за управување со отпадот;
  • итн.

Вкупниот награден фонд изнесува 4000 евра.

За подетални информации посетете ја страната на организаторот >>>