Меѓународен конкурс за уредување на околината на античкиот театар во Лариса
29.09.2021 • Конкурси Од регионот
Распишувач: Општина Лариса, Грција
Рок: 14.3.2022
Награди: 1 место – 30.000 евра; 2 место – 15.000 евра; 3 место – 10.000 евра; 4 место – 5.000 евра; 5 место – 3.000 евра
Комората на овластени архитекти и инжењери, не информира дека општината Лариса од Република Грција, објави Меѓународниот конкурс за идејни решенија за уредување на околината на Античкиот театар во Лариса со специфична покана до архитекти или мултидисциплинарни тимови составени од барем еден архитект заедно со други инженери, како што се пејзажни архитекти, урбани дизајнери итн. од целиот свет.
Античкиот театар во Лариса е театар на отворено, изграден во втората половина на 3 век п.н.е. По димензии е најголем во областа Тесалија-Централна Грција, изграден е за капацитет од 10.000 гледачи, лежи на падината на Ридската тврдина или „Фрурио“ што се совпаѓа со утврдената цитадела на античкиот град-во центарот на градот Лариса.
Театарот неодамна беше речиси целосно откопан по долг период на експропријации и ископувања. Реставраторските работи, кои постепено се завршуваат, ќе овозможат негова целосна функционалност.
Меѓународниот конкурс е одобрен од UIA (Интернационална унија на архитекти) и ќе се спроведе според прописите на УНЕСКО и препораките за најдобра практика на UIA.
Повеќе информации за учество на Меѓународниот конкурс можете да ги погледнете на линкот https://www.saata-competition.gr/procedure/
Прочитајте повеќе за театарот (фото) >>>
Извор на информација >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Антички театар / Грција / Конкурс / Лариса / Тесалија