Меѓународен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за мултифункционална сала / конгресен центар

Инвеститор: ГРАД БАЊАЛУКА

Адреса: Трг српских владара бр. 1 Бањалука

Е-mail:  prostorno@banjaluka.rs.ba

Wеb страница: www.banjaluka.rs.ba 

Рок за поставување прашања и предавање на трудовите:  15.04.2020

Објава на резултати: 15.05.2020

Награди: I место / 30.000 евра ; II место / 15.000 евра; III место / 7.500 евра

Градот Бања Лука, на 27.12.2019 година, го распиша меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за мултифункционална сала / конгресен центар.

За истиот градот Бања Лука, официјално ни се обрати ( што досега не се случило од ниту една македонска институција ) да го споделиме истиот на нашата страна како би се овозможило информацијата да пристигне и до македонските архитекти, кои можат да земат учество на истиот.

 

 

Идејата е Бања Лука да добие мултифункционален простор каде би се поврзале различни намени, што претставува еден чекор напред во стратешката визија за градот. Неговата функција и капацитети треба да  ги задоволат локалните и регионалните потреби за оваа дејност. Културната понуда на регионот и потребата од истата, создава оптимални услови за развој на концертната, балетската и оперската уметност бидејќи посточеките капацитети на градот се одамна надминати од технолошки и простороен аспект.

 

 

Покрај културната понуда, идниот комплекс ќе послужи  и за конгресна дејност која во себе ќе ги обедини феномените на размена на научни сознанија, наука и образование. Споменатите содржини, ја пратат и издавачката дејност, угостителството, деловните и административните намени. Концептот на мултифункционалната хибридна содржина има за цел да ги рационализира користењето на просторот без редукција на комфорот на употреба и технологијата за предвидените намени.

 

Со цел да се добијат што повеќе  креативни и квалитетни решенија за овој иден симбол на градот, одлучено е конкурсот да добие меѓународен карактер како би овозможил учество на сите правни и физички лица кои ги исполнуваат стручните и останатите дефинирани услови без ограничување на територијалната припадност.

Конкурсот е организиран дигитално, а повеќе информации ќе можете да пронајдете на линковите во продолжение >>>

Конкурс БИХ

Конкурс EN