Mеѓународните едукативни семинари – Проектирање одржливи објекти
14.01.2022 • Информации
Почитувани,
Ни претставува особено задоволство да ги известиме и поканиме членовите на Комората на овластени инженери и архитекти за присуство на меѓународните едукативни семинари – Проектирање одржливи објекти – Sustainable Building Design, кои ќе се одржат во периодот од 18 јануари до 08 фебруари. Овие семинари се реализираат во рамките на меѓународниот проект “Koн одржлива иднина: Предизвик за одржливи објекти” (Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge) поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд (International Visegrad Fond).
Семинарите имаат за цел доедукација во областа на одржливото проектирање и се реализираат низ серија отворени предавања од еминентни професори, експерти од 7 Европски Универзитети, како:
- Wrocław University of Environmental and Life Sciences
- Slovak University of Technology in Bratislava, Faculty of Civil Engineering
- Faculty of Architecture in Skopje, Ss Cyril and Methodius University
- Brno University of Technology, Faculty of Civil Engineering
- Budapest University of Technology and Economics
- University of Novi Sad, Faculty of Technical Sciences
- The School of Finance and Accounting FINra Tuzla
- Association for Sustainable Development GENERA
Предавањата на секој семинар се различни и тематски се надоврзуваат со што ќе се опфати широкото поле на знаење за одржливост на објектите, а темите кои ќе се презентираат се:
- Одржливо урбанистичко планирање – Sustainable Urban Planning,
- Одржливо проектирање објекти – Sustainable Building Design,
- ЛЕЕД објекти и сертификација – LEED buildings and certification,
- Пасивно проектирање објекти – Passive Design,
- Градежна физика – Building Physics,
- Внатрешен комфор,
- Одржлив проектен менаџмент – Sustainable Project Management,
- Ефикасни системи за греење и ладење – Sustainable HVAC и
- Циркуларна економија – Circular Economy.
Вкупно ќе се одржат 4 семинари (18.01, 25.01, 01.02, 08.02), еднаш неделно, во вторник, со почеток од 17 часот, и секој е во траење од 2.5 часа со по 3 предавачи. Тие ќе се одржат на онлајн платформата Тeams, а со оглед на меѓународниот карактер на кој ќе има слушатели од европските земји, ќе се одвиваат на англиски јазик.
Се надеваме дека овие семинари се можност сите инженери вклучени во процесот на градење да го надоградат нивното знаење за одржливото проектирање објекти. Воедно, доживотното учење е и една од заложбите на Комората на овластени инженери и архитекти за унапредување на одржливоста и квалитетот на градежништвото во Македонија.
Поради тоа, овластените инженери кои ќе присуствуваат на семинарите ќе се стекнат со сертификати за учество издадени од Комората.
Линковите за пристап до семинарите се објавени на веб страната – generamk.wordpress.com, односно:
Ве покануваме заедно да ја создаваме одржливата иднина во градежништвото во Македонија.
Со почит,
доц. д-р Александар Петровски
Извор >>>
Автор на статија: Filip Koneski