Студентска изложба во најава „Примена на Еко системи во современиот архитектонски простор’

Факултетот за архитектура при МИТ Универзитетот ја најавува студентската изложба „Примена на еко системи во современиот архитектонски простор“, која ќе се оддржи во Галерија „КО-РА“/ Дом на градежници – Скопје на 19.06.2023 во 20 часот.

Новите концепти генерираат архитектура која се темели врз природата и околниот природен пејзаж и овозможува негово функционирање како еко систем. Важноста на овие задачи е да се препознаат природните и еколошките вредности на местото и на тој начин да ги инкорпорира во секојдневниот живот на луѓето, притоа подигајќи го социо-културниот живот, задоволување на сите потреби и овозможувајќи хуман престој/домување/работа.

Во локациите, кои се обработуваат во изложените проекти, се создава активна природа која е од големо значење не само за локалното население во потесен контекст, туку и за градот во поширок контекст.

Темата на овогодинешната студентска изложба со проектите изработени од студентите на МИТ Универзитет, Факултетот за Архитектура го трансформира постоечкиот архитектонскиот простор изнаоѓајки начини за поврзување на природата со објектите и урбаните простори со цел поуспешно справување, надминување и отфралње на бариерите поставени од негативата реалност.