Структурата на модерноста: По трагите на Едвард Равникар / Љубљана 2024
22.06.2024 • Изложби
Музејот за архитектура и дизајн (MAO) ја организираше изложбата за работата на Едвард Равникар насловена „Структурата на модерноста: Потрагите на Едвард Равникар”. Истата беше отворена од периодот 30.11.2023 до 19.05.2024.
На истата на наш голем интерес беше презентиран и конкурсниот труд за централното градско подрачје на Скопје од 1965. За истиот повеќе можете да прочитате во следнава објава. Дополнително на изложбата беше презентиран: оргиналниот план, плановите од градското сообрание, забелешките и скиците на Равникар и друго.
Краткиот опис за изложбата беше следниов:
Едвард Равникар (1907 – 1993) ги дефинираше просторите на современото словенечко општество и држава, го преобликуваше разбирањето на улогата на архитектот во 20 век и ја отвори архитектурата за креативниот сомнеж и бескрајното експериментирање. Националното и меѓународното значење на наследството на Равникар и воопшто односот кон архитектонското наследство на 20 век бара негово актуелизирање во духот на 21 век. Опкружувањата на Равникар значително го одбележаа процесот на независност, преодните и современите општествени пресврти; ги отвораат прашањата за пристапен јавен простор, енергија, програмирање и санација на зградите од земјотрес. Овие предизвици бараат одговорна интервенција на професијата притоа зачувување на сведочењето на наследството и прилагодување на социјалните и еколошките услови, кои се значително различни од оние од времето на создавањето на Равникар.