Во најава SHARE Skopje 2021
11.10.2021 • Информации

На 19 – ти октомври, во просториите на хотелот Hilton Double Tree во Скопје, ќе се одржи четвртото издание на SHARE Skopje 2021.
„SHARE Skopje 2021 е покана за средба со иноватори и влијателни лица од полето на архитектурата и градежните технологии. Настанот обединува локални и меѓународно реномирани архитекти во еднодневна динамична програма на најзначајното обединување на специјалисти од полето на градежништвото.“
Настанот е организиран заедно од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), ABplus Events и Асоцијацијата Proevent, а овогодинешната тема е напреден дизајн на згради и иновативни архитектонски технологии.
На настанот ќе учествуваат низа интернационални експерти кои ќе имаат свое излегување во рамките на двете пленарни секции, а за крај ќе се одржи предавањето од специјалниот гостин – Gökhan Avcıoğlu.
Деталната програма можете да ја погледнете на следниот линк.
Регистрацијата на настанот е веќе отворена, а сите членови на ААМ имаат можност од 85% попуст на влезниците.

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Share Skopje / Share Skopje 2021 / ААМ / интернационален форум / Предавања / презентации