Урбанистичко архитектонско решение „Нова Тузла“ / Благоја Колев
14.03.2021 • Урбанизам ХХ век / II половина

I награда на југословенски анонимен конкурс
Автори: арх. Благоја Колев;
Учесници во проектот: арх. Рафил В’лчевски; д-р. Миодраг Јаниќ, ек.; м-р Слободан Белајац, соц.; Виктор Бајалски, хорт.;
Регулационен план: арх. Бранислав Ангелиќ; арх. Љупчо Павлов;
Година на проектирање: 1980
Завод за урбанизам и архитектура „Скопје“ – Скопје
Извор: I Биенале на Македонската Архитектура, 1981
Описот на проектот е во целост превземен од изворот:
-Слегнувањето и постојаното рушење на постојните објекти од стариот град Тузла, го заврзуваат процесот на отпочнувањето на градењето на Нова Тузла.
– Географските, геолошките и другите физичко-економски и еколошки ограничувања условија градот да добие издолжена форма, што се одрази и на обликот и организацијата на сите градски функции: домувањето, центрите, слободните површини и сообраќајот.
– Урбанистичкиот модел на Нова Тузла е резултат на синтезата од просторно-социо-економските фактори на условености и нивните односи.
– Домувањето и неговите придружни функции, пешачките комуникации, парковските и други слободни површини, плоштатките и просторите за спортување, издвоени се од моторниот градски и интерен сообраќај и во потполност им припаѓаат на луѓето и нивните потреби.
Моделот на „улицата“ од социо-социолошки аспект добива посебна улога во поопштествување на луѓето и односот кон природата и другата околина.
– Доминантната „бела архитектура на објектите“ (станбени, општествени, комерцијални и др.), укомпонирани се во единствена, карактеристична за ова поднебје, композиција која логично се надоврзува на традицијата и менталитетот на средината.

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
архитектонско-урбанистичко решение / Благоја Колев / Босна и Херцеговина / Завод за урбанизам и архитектура / Колев / конкурсно решение / Тузла