Обука за практична примена на Ценовникот наменета за Даватели на инженерски услуги и Анкета за Предлог Закон за градење
17.10.2023 • Информации
Комората на овластени архитекти и инженери организира обука за примена на Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата, објавен на 01.12.2022 година во Службен весник на РСМ и дополнет со Анексот кон Ценовникот, објавен на 13.02.2023 година во Службен весник на РСМ.
Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа виоскоградба. Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни Договорни органи – Инвеститори – од Јавен и Приватен сектор и даватели на инженерските услуги.
Со цел да се излезе во пресрет на сите засегнати страни, од страна на Комората на овластени архитекти и инженери се организира обука за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги.
Обуката е наменета за Даватели на инженерските услуги – членови на КОАИ, а со цел да даде појаснување на следните точки:
- Изготвување на понуди за Тендерски постапки и понуди без тендерска постапки со примена /почитување на Ценовникот за инженерски услуги,
- Предлози за дополна ,надградба и корекција на Ценовникот врз основ на досегашното искуство и
- Механизам за негова применливост и контрола.
Дата и час: сабота, 28 октомври 2023 година, во 10 часот
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
Број на слободни места: 100
Краен рок за пријавување: 26 октомври 2023 година
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на КОАИ, додека линкот активните членови ќе го добијат на своите mail адреси
– – – – – – –
Воедно Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски до Комората на овластени архитекти и овластени инженери достави нов Нацрт-текстот на Закон за градење.
Со цел да се сондира мислењето на сите членови на Комората и да се отвори дискусија по нацрт-текстот на Законот изработена е Анкета. Заклучоците и дискусиите што ќе произлезат од оваа Анкета ќе бидат сублимирани и доставени до предлагачот.
Анкетата со сите пропратни документи е доставена до активните членови на нивните mail адреси. Со ова сакаме да апелираме дека членството треба активно да се вклучи во оваа дискусија од која треба да се извлечат заклучоци и предлози за измени и дополни. За останатите архитекти и инженери останува потребата да станат активни членови, како би можеле да учествуваат во креирањето на политиките на КОАИ.
Автор на статија: Filip Koneski
анкета / Закон за градење / Нацрт / Обука / Ценовник