Од напуштен објект до студентски град

„Драги млади,

Веруваме дека изминатиов период имавте можност да се одморите, но и да се едуцирате дигитално и неформално, да бидете креативни и љубопитни, како и да размислувате за себе, вашата иднина, улогата која ја имате во општеството и други работи кои се битни или сакате да ги промените. Тимовите на здруженијата Cultural Echoes – Културно Ехо и City Scope периодов работеа на  анкетен прашалник кој има за цел да ги сумира размислувањата на младите од 18 до 35 години и нивните потреби во однос на градот, идејата за студентски град во Скопје, како и можностите за пренамена на напуштен објект за таа цел.

Кои се придобивките од учеството во овој прашалник?

Со успешно пополнување на оваа анкета добивате можност да го споделите вашето мислење/став во поглед на култура, едукација и рекреација, истовремено помагајќи му на нашиот тим (Културно Ехо и Сити Скоп Скопје) подобро да ги разбере вашите потреби а со тоа правилно да ја насочи и претстави иницијативата „Од напуштен објект до студентски град“ пред одговорните институции

Можноста за да ја пополните, споделите или препорачате оваа анкета почнува од денес и ќе трае се до 1 Септември. Однапред се радуваме на ваша поддршка  и со нетрпение ги чекаме резулатите!

Анкетата е на следниот линк https://forms.gle/RiLcBnpDGZrVBYaG8

Со почит,

Културно Ехо и Сити Скоп Скопје““

 

 

*објавата претставува обраќање од страна на иницијаторите до јавноста, истата е пренесена во оригиналната форма