Одморалиште за XXI век / Митева, Бусева

Двата проекти се меѓу 30-те селектирани финалисти од вкупно 163 проекти поднесени на меѓународниот конкурс приреден од Inspireli Awards.

 

 

Автори: Марта Митева, Клементина Бусева

Семестар: VII семестар 2022/23 година

Предмет: Архитектонско студио 7.1

Тема: Објекти за колективно домување

Наслов: ОДМОРАЛИШТЕ ЗА XXI ВЕК

Проект: ХОТЕЛ 21 и ПРИВАТНА ВИЛА(И)

Локација: Стариград, Хрватска

Ментор: Проф. д-р Минас Бакалчев, Асист. м-р. Марија Петрова

Универзитет: „Св. Кирил и Методиј“, Архитектонски факултет – Скопје

 

 

Темата на овогодишното Архитектонско студио 7.1 беше задача која во својата главна разработка го имаше мастер планот за одморалиште во Стариград, во близина на Задар, Хрватска. За прв пат организацијата за конкурси Inspireli Awards го комбинира конкурсот и образованието во еден проект на кој имаа можност да учестуваат и студентите на Архитектонски факултет во Скопје.

Мастер планот за ова одморалиште вклучува вкупно 5 зони со различна намена од кои фокусот на ова студио беше сведено на проектирање на објекти за две зони:

Зона 3: Хотел и паркирање  и

Зона 5: Приватни вили

Секоја од зоните e дефинирана од различни регулации кои се поврзани со: максималната висина на објектите, катноста, површината за градење, регулациона линија, граница на градежна парцела, материјалност… Контекстот како главни акценти ги има Јадранското Море и дивата топографија населена со локална флора и фауна.

 

Сл. 1 – Зони на Стариград мастер план

 

Сл.2 – Контекст

 

Сл.3 – Контекст

 

ХОТЕЛ 21

Концепцијата за хотелот сместен во Стариград, Хрватска започнува со откривање на синергијата помеѓу човекот и природата. Експресивното тело на објектот произлегува од продлабоченото осознавање на дивата топографија на контекстот.

 

Сл.4 – Широка ситуација

 

Сл.5 –  Концепција низ дијаграми

 

Структурата е сочинета од 21 армиранобетонско платно. Различните функции се елементите кои оживуваат помеѓу носивите ѕидови на архитектонската структура. Секој ѕид е носител на функции кои се менуваат и прилагодуваат според потребите во вертикалниот план. Карактерот на носивите ѕидови овозможува формирање на пасажи, простори за седење, граници, поделба и поврзување на различните просторни ентитети во рамките на хотелот. Освен тоа што ѕидовите имаат функционална улога, тие имаат и естетска улога во дефинирањето на архитектонската обвивка и обликувањето на објектот. Интенцијата на ниското тело на градбата е да остави впечаток на сраснатост со теренот и контекстот. Целта на формата и волуменската структура потекнува од стремежот за соединување со природата.

 

Сл.6 – Аксонометриски приказ

 

Сл.7 – Дијаграм

 

Сл.8 – Армиранобетонско платно

 

Хотелот содржи вкупно 100 соби кои се среќаваат во различни типологии. Сите гостински соби се нанижани по експресивниот периметар на објектот и добиваат континуирани визури кон Јадранското море. Содржината на хотелот освен гостински соби вклучува и: рецепција, лоби, lounge бар, ресторан, ресторанска кујна, надворешен базен, внатрешен базен, СПА и фитнес центар, администрација, бар на кровна тераса итн.

 

Сл.9 – Аксонометриски приказ

 

Сл.10 –Сл.17 Нивоа и пресеци

 

Сл.18 – Детал фасада на хотелот, Сл.19 – Надворешен базен и кровна тераса, Сл.20 – Гостинска соба, Сл.21 – Ресторан, Сл.22 – Влезен хол и тривисински простор, Сл.23 – Модел 1:100

 

ПРИВАТНА ВИЛА(И)

Зоната на приватни вили вклучува парцели кои варираат во својата големина и кои според неа може да примаат приватна вила чија површина се прилагодува на парцелата и може да содржи минимум 3, а максиум 5 спални соби. Вилата во овој предлог има површина од 200m2 и содржи 5 спални соби.

 

 

Сл.24 – Широка ситуација

 

Сл.25 – Потесна ситуација

 

Движејќи се по импресивните пејзажи на Далмација, еден елемент е сеприсутен-вилата. Концептот на овој проект започнува со разгледување на корените на вернакуларната архитектура во Далмација и традиционалната куќа. Возбудливиот сензибилитет на традиционалната куќа во нејзиното позиционирање во контекстот е инспирација за концептот. Овој проект е обид во создавањето на врска со природата но, истовремено и чувањето на природата. Композицијата на вилата ја сочинуваат 3 префабрикувани модули кои се позиционираат на теренот на начин кој се обидува да ја следи динамичноста на теренот. Пилоните на кои се поставува вилата се регулација со која конкурсот наложува грижливост кон контекстот. Просторната комозиција се огледува на вернакуларната архитектура во која честопати се јавуаат групации од куќи кои никнуваат и потекнуваат од една матична куќа и се создаваат со текот на времето. Со групирањето на куќи во традиционалната архитектура се формираат дворишта кои се суштествени простори во секојдневното живеење во Далмација. Трите модули се поставени на таков начин што формираат двориште кое претставува транскрипција на традиционалното двориште и има централна улога во одвивањето на функциите во вилата. Трите модули се врзани со оска која е нормална на морето и во која се вметнуваат комуникациите и истите се отвараат кон бесконечното протегање на водениот ентитет.

 

 

 

Сл.26 – Концепција низ дијаграми

 

Сл.27 – Аксонометриски приказ, Сл.28 – Основа 1, Сл.29 – Основа 2, Сл.30 – Петта фасада, Сл.31 – Пресек 1-1, Сл.32 – Пресек 2-2

 

Сл.33 – Визуелизација

Сл.34 – Визуелизација

Сл.35 – Модел 1:100

 

 

Автор на статија: