Одморалиште на „Стопанска Банка“ во Маврово / Тодоровски
25.08.2021 • ХХ век / II половина

Автор: Крсто Тодоровски
Соработници: Вера Велевска, Јелица Лемез
Година на проектирање: 1979 год.
Година на изведба: 1986 год.
Извор: Бимас ’87
Насловно фото: >>>
Во непосредна близина на скијачките терени во Маврово, во падините на Бистра се наоѓа некогашното одморалиште на „Стопанска банка“ – Основна банка – Скопје или денес Хотел „Маврово“ by Mia’s favorite.
Објектот доминира над останатите во однос на поставеноста, истакнувајќи го својот типичен планински израз со двоводен кос кров.
Хотелот е проектиран како објект од „B“ категорија, со капацитет од 120 легла, или 96 без кушет леглата. Ресторанот е со капацитет од 120 гости, додека кујната може да произведе 1000 оброци на ден.
Предвидени биле и придружни простории од кои заедничката просторија за боравење имала капацитет за 80 лица.
Во моментов, тоа што можеме да го забележиме на социјалните мрежи е неговото внатрешно реновирање и целосно ребрендирање.

Автор на статија: Filip Koneski
Крсто Тодоровски / Маврово / Одморалиште на Стопанска банка / Хотел Маврово by Mia's favorite