Оглас за избор на членови на Партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје

Град Скопје издаде оглас за избор на 9 членови на Партиципативното тело за урбанизам.

Повикот е отворен за сите заинтересирани лица кои се дел од следните групи:
– урбаните и месните заедници,
– невладини организации од различните сегменти на урбаниот живот,
– здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на градот што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и
– граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Избраните членови ќе добијат четиригодишен мандат кој подразбира волонтерски ангажман.

 

 

Огласот го дефинира Партиципативното тело на следниот начин:

„Партиципативното тело за урбанизам ги претставува сите различни интереси и интересни групи во градот Скопје и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења до Советот на Град Скопје. “

 

За повеќе информации: