ОТВОРЕН ПОВИК – ON THE POINT

Public Room ги повикува сите архитекти, дизајнери и студенти кои се во завршната година од студиите за дизајн или архитектура да се пријават и заземат учество во една одлична работилница!

Во рамки на проектот “On the point” ( link) кој е поддржан од Европска Унија, програма Креативна Европа, Public Room организира 3-дневна работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот. Работилницата ќе има 20 учесници од кои по 5 учесници доаѓаат од Англија, Холандија и Белгија и 5 од Македонија. Учесниците ќе работат во мешани тимови со цел да се дојде до најдобри решенија, преку размена на знаење, искуства и начин на размислување.

Работилницата ќе трае од 14. до 16. ноември, од 9 до 17 ч. во Public Room, а по овие 3 дена учесниците од Македонија имаат обврска да учествуваат во доработка на прототиповите за нивно преставување на Skopje Design Week 2019 (27. ноември – 1. декември).

Учеството на работилницата е бесплатно.
Краен рок за пријавување е 3. номеври.

Пријавување на tamara@publicroom.org со испраќање на:
– CV;
– Портфолио (студентско);
– Кратко мотивационо писмо (1 пасус кој објаснува зошто сакате да бидете дел од оваа работилница).

 

Кoн изворот >>>