Орта Џамија / Струмица 1613-14
12.04.2024 • XVI - XIX век
Китор: непознат
Година: 1613/1614
Локација: Стив Наумов и Јосиф Јосифовски Свештарот
Орта Џамија која е подигната во 1613/14 година, припаѓала во групата на една од поголемите џамии во Струмица. Се наоѓа на аголот помеѓу улиците Стив Наумов и Јосиф Јосифовски Свештарот. Локалитетот е сместен во старото јадро на градот Струмица и е место предодредено по важност во кое различни цивилизации и сили оставиле свој белег.
Локалитетот на кој се наоѓа Орта Џамија има огромно религиско и култно значење за градот во текот на долг временски период од речиси 2000 години. Археолошките испитувања укажуваат на урбан и културен развој од хеленистичкиот, римскиот, рановизантиски и средновековен период. Последната фаза во овој непрекинат развој претставува објектот на Орта џамија, судејќи по натписот на влезот е подигната во 1022 година по Хиџдра односно 1613/14 година за време на владеењето на султанот Ахмет I (1603-1617).
Архитектурата на Орта Џамија претставува карактеристична квадратна основа со димензии 11.75 м х 11, 75 м и висина до 13м поставена на стрмна парцела. На југозападната страна од џамијата се наоѓа минаре со висина од 20 метри кое ја надвишува џамијата. Истото е со квадратна основа која на висина од 5,77 м преминува од засечен конусен облик во цилиндричен. Од основата на џамијата се издига осмострана впишана купола која лежи на тамбур. Влезот се наоѓа на северозападната страна на џамијата. Објектот има 8 прозорци на југозападната и североисточната , 6 на југоисточната и 4 на северозападната фасада и 8 релативно помали прозори на танбурот. Материјалот кој бил користен за градба е ѕидан и клепан камен со редови на тули, а додека кровот е покриен со ќерамиди.
Историските фотографии и траги на лице место укажуваат дека првобитно постоел трем со шадарван во дворот, а додека по целата должина на северната фасада во поново време биле изградени помошни простории за домување. Истите се срушени после 1984 година за да се врати автентичната форма на објектот. Над влезната вертикална профилација се наоѓа правоаголно поле во чиишто средишен простор над вратата е поставен мермерен запис со старо персиско писмо.
Ентериерот – внатрешноста на џамијата во конструктивен и декоративен поглед е решена во духот на уметничката типичност за исламската сакрална архитектура. Конструктивно – обредните функции на овој објект во ентериерот се застапени со следниве градежно обредни елементи: Пандатифи кои ја држат куполата, тамбур, михраб со куполест завршеток, натпис и украсена внатрешност со сталактити. Присутен е флорален декоративен мотив на плетенка со ној и декоративни периферни ивици кои се потенцирани со вертикали.
Археолошките испитувања на локалитетот укажуваат на богата археолошка стратиграфија под неа особено впечатлив хеленистички слој кој е датиран од IV-II век пр. н. е. Под средновековните остатоци се пронајдени доцно-антички објекти, а за сакралната традиција сведочат остатоците на ранохристијанската базилика. Средновековниот стратум е значае заради остатоците на црква од 11 век која страна од пожар и некрополата која се простира околу црквата и постоела сѐ до изградбата на џамијата. Археолошките ископувања во некрополата наоѓаат на голем број на наоди од накит и облека, а додека во средновековите градба е се пронајдени фрагментирано зачуван ликовни елементи кои стилски не упатуваат на сликарството од времето пред палеологовскта епоха со односно од првата половина на XI век.
Денеска локалитетот на Орта џамија е археолошки комплекс кој е вклучен во Списокот на културно наследство на Македонија.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
исламски верски храм / Културно наследство / некропола / Орта Џамија / ранохристијанска архитектура / Струмица