Парк во Карпош / Андонова, Васева

Конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурално решение за парк во Општина Карпош, дел од Градска Четврт 3 01

Шифра: ПИНКТИНК

Автори на архитектонско решение: Наталија Андонова, Софија Васева

Година на проектирање: 2020

Локација: Општина Карпош, Скопје

Површина: 86 000 m2

Награда: трета награда

 

КОНЦЕПТ

Со постојаната експанзија на урбаните подрачја, се појавува една навика на отстранување на голем дел од дрвата при што, за жал нивната неопходност се игнорира. Широките области со зеленило и дрва му овозможуваат голема помош на екосистемот. Тие го подобруваат квалитетот на животот на повеќе од милиони луѓе кои живеат и работат во урбаните подрачја, со тоа што го филтрираат загадениот воздух, го намалуваат количеството на смог, спречуваат ерозија, ја прочистуваат почвата, и ги штитат зградите од високи и ниски температури – при што се заштедува до 10% од енергијата потребна за регулирање на температурите на зградите.

Според тоа идејата за парк – шума всушност е произлезена од моменталната состојба на локацијата, на која што уште на прв поглед е забележителна запуштеност и соголеност. Огромен недостаток на зеленило и атрактивна содржина е она што е неопходно за овој дел од градот кој моментално е пренаселен. Оттука произлегува идејата за 60% шума и 40% урбан парк. Голема површина во јужниот дел од парцелата е предвидено да се засади со голем број на дрва , со што паркот се дистанцира од главната улица и буката на секојдневниот живот. Двата краја од остатокот од парцелата се спојуваат со розева патека, која сама по себе е атракција.

Паркот ја носи придавката “розев”, не само поради бојата која преовладува, туку и од таа причина што доколку уште малкуте останати слободни површини ги озелениме со дрва, само тогаш може да се мисли на розева иднина.

 

 

СОДРЖИНА И ФУНКЦИЈА

 

Главната намена на локацијата е зеленило, односно урбан парк. Урбаниот парк кој е разработен во ова конкурсно решение изнесува 33.700 м2, додека останатиот дел од 52.300 м2 е предвиден за парк – шума . За паркот шума предвидено е да се засадат хибридни брзорастечки дрва (Populus deltoides x Populus nigra). Измеѓу дрвата се предвидуваат дрвени летниковци покриени со простор за поставување на хамоци за релаксација на корисниците на паркот, и истите летниковци се половично покриени со двоводен кров. Исто така се предвидуваат и дрвени платформи кои не се покриени и во склоп на истите се вградени мрежи за неформално седење.

 

 

Урбаниот парк се протега од исток према запад, со што максимално се осветлува со природна светлина. Во текот на летните месеци заштитен е од јужната страна со високи дрва додека од северната страна е отворен према реката Вардар.

За пристап до паркот предвидени се 4 главни влеза од северната страна на парцелата кои го спојуваат урбаниот парк со кејот на реката Вардар. Преку нив можат да пристапат пешаци и велосипеди. Пешачките патеки се приклучуваат на пешачка патека околу која се поставени велосипедски патеки, која всушност ја дели парцелата на урбан парк и парк – шума. Два влеза се обезбедени и на северната страна од парцелата, од страната на паркот – шума, кој е периметрално обиколен со пешачка патека и велосипедски патеки. Во случај на вонредна состојба , може да пројде противпожарно возило.

 

 

Од запад може да се пријде до локацијата преку новопрокетираниот пат или преку кејот, со што во оваа точка се поврзуваат постоечката карпа и новопредвидениот парк.

Поради тоа, спортските активности се сместени на запад како би биле во непосредна врска со постоечката карпа.

Урбниот парк е ограден од двете страни, југ и север со пешачки патеки со пречник од 2 и 4м . Главната пешачка патека има слободна форма и низ неа се развиваат останатите содржини.

Почнувајки од запад према исток , почнуваат спортските активности. На двата краја од урбаниот парк предвидени се тоалети со по 2 женски кабини, 1 за лица со хендикеп и 1 кабина со писоар за машки тоалет. По нив следува отворен шанк со монтажно-демонтажни настрешници во форма на облачиња. Со поставување на настрешниците се формира простор за мобилни кафулиња и различни типови на настани.

 

 

 

 

Кроз самата розева патека на неколку места има проширувања со што спонтано се создава површина за собир на луѓе.

Дијагонално од отворениот шанк се наоѓа ботаничката градина. Ботаничката градина има 3 типа на садници за мали средни и поголеми растенија. Вкупната површина за садење изнесува 80 м2.

На средина на локацијата се наоѓа зелено брдо на кое се налегнати клупи. Од оваа точка може да се набљудуваат сите случувања во паркот и поглед према кејот односно шумата. Детското игралиште ја прати формата на останатите содржини . Обиколено е со кружна лулашка на која висат различни активности.

 

 

 

Во центарот на детскиот дел сместен е и зелениот лавиринт. Зелениот лавиринт го прати светскиот тренд и целосно се вклопува во нашата идеја. Тој е создаден од рециклирани канализациони и водоводни цевки, а секоја рачва е претворена во саксија за цвекиња.

На 70м од детското игралиште е отворената бина. Позиционирана е према шумата но отворена од сите страни. Подигната е од земјата за 35 см .Осветлена е со кружна монументална сијалица која во исто време преку ден е сочев часовник. Секое лентовидно радијално вградено светло во подот под него претставува еден саат.

На крајот, паркот завршува со најголемиот “плочник” со средишна вградена фонтана и парк за кучиња.

 

КОНСТРУКЦИЈА И МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА

Сите материјали кои се користат во овој проект се природни материјали или рециклирачки.

 

Партер

 

Розевата патека е предвидена од EPDM гранурален под во боја за надворешна употреба. Пример (Sportec Uni versa). Ова е материјал кој се повеќе се користи за истата намена во светот. Пред се поради амортизацијата и заштитата на мускулниот систем при пад. Отпорна е на сите климатски услови и лесна за одржувње.

Велосипедските и помошните патеки се предвидени од бекатон, поради економски причини и лесно одржување.

Плочниците се предвидени од плочки во 3 различни димензии и нијанси на сива боја.

Отворената бина е од дрвен декинг поставена на челична конструкција, подигната со рампи од двете страни за хендикепирани лица.

 

 

Објекти

 

Тоалетот е предвиден од дрвени рамки од ламелирано дрво со дебелина околу 5 см, поставени на растојание од 80 см. За цврстина, во обратниот смер додадена е помошна дрвена конструкција. На кровот предвиден е бојлер за топла вода и соларен панел, со што тоалетот го прави само-одржлив.

Летниковците се исто така од рамка од дрвени летви прицврстени со греди за стеблото на дрвото. Дополнително додадени се дрвени столбови.

Настрешниците долж розевата патека ја пратат линијата на патеката. Поставена на 6 дрвени столбови анкерисани за бетонски темели. Кровот е исто дрвена конструкција со пад од 6%. Кровот е предвиден како зелена кровна покривка, со што се создава јака сенка во летните денови и повеќе зелена површина преку целата година.

Пултот со алати за поправка на велосипеди ја има истата конструкција како настрешницата само  додатно има соларни панели, со кои го прави smart пулт.

 

Урбана опрема

 

Модуларна клупа со стандардна димензија 60/200 см .челични профили обложени со дрвени летви од сите страни. Челичните профили се со димензја 2/2 см. Низ целата должина предвидено е LED скриено светло. Модуларната клупа со истата конструкција и димензија зависно од потребата преставува чешма, канта или пепељара. На одредени делови на клупата може да се постават зеленила со иста обработка како клупата или наслонувач за седење. Клупата е предвидена да е слободно-стоечка во просторот или потпрена на нешто. Се препорачува да бидат поставени една до друга повеќе клупи со различна функција како би се постигнала една целина.

 

 

Столици кои се вртат во својата оска за 360 степени. Челичен круг кој овозможува вртење е поставен во подножјето. Поставени се на различни локации, претежно расфрлани низ паркот. Завршната облога им е дрво.

Мобилен шанк, наменет е за изнајмување. Со изнајмување на дизајнирани шанкови и паркинг место на мобилни кафулиња, паркот би можел да биде финансиски самоодржлив. Направен од дрвена или алиминиумска подконструкција обложен со дрво, и поставен на тркала е лесен за манипулација.

Целата парцела покрај улицата оградена е со заштитни столбчиња како би оневозможиле влез со автомобил внатре.

 

Осветлување

 

Паркот е осветлен со главно светло, улични светилки и додатно амбиентално осветлување.

Уличните светилки се со прекршена форма и голем опсег на осветлување. Висината им е 10 м. На горната страна имаат соларен панел што би придонеле за овој парк да биде еко.Малите светла се со висина од 60 cм, светлото им е поставено на средина од трупот на сијалицата. Од горната страна исто има сончев колектор. По форма се многу слични со главните канделабри.

 

 

Амбиенталното осветлување претежно се добива од Led лентите поставени од долната страна на клупите, вграденото светло во подот на одредени места како плочникот кај бината и отворениот шанк.

Иако во овој проект посебно внимание се посветува на еколошкиот аспект, сепак во ниту еден момент не е игнорирана потребата за пристапност на лицата со инвалидитет. Секоја од активностите и функциите предвидени во склоп на урбаниот парк се приспособени за лица со посебни потреби, што овој парк дополнително се одликува со инклузивност.