Познат победникот на меѓународниот конкурс за Музеј на современи уметности во Подгорица

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора ги објави резултатите од конкурсот за идејно архитеконско решение за објект на Музејот за современа уметност, природнонаучен музеј и парк на културата и уметноста со пратечки содржини.

Победник е тимот архитекти Андреа Роси, Џовани Сана и Пиерлуџи Турко од Италија. На конкурсот биле пристигнати вкупно 48 идејни решенија, на кои е доделено единствено првото место ( 100.000 евра)  и 3 рамноправни откупи (по 8.000 евра).

 

 

Овој пат Црна Гора се одлучи за построги правила за учество, каде беа дозволени единствено тимови, со претходно остварени успеси на меѓународно ниво, на конкурси каде се бараат идејни решенија за објекти во областа на културата.

На овој повик беа  поканети и учесници од светски ранг како Sou Fujimoto, Junya Ishigami, Diller scofidio + renfro, Snohetta и Henning Larsen.

Локацијата за која станува збор се наоѓа на местото на поранешната касарна Морача и зазема централна позиција во главниот град. Целта на повикот беше  да се валоризира овој простор преку воспоставување на нови просторни содржини и создавање зона која ќе стане културен центар на градот.

 

 

Целиот проект можете да го погледнете на следниот линк >>>

Извор >>>