Почина архитект Трајко Димитров
05.01.2023 • Информации
Порталот sdk.mk вечерва пренесе за веста дека реномираниот македонски архитект Трајко Димитров починал. Нека почива во мир и вечна му слава!
Трајко Димитров е роден на 08.08.1930г. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949г., а дипломирал во 1956г.
По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во „Македонијапроект” и тука останал се до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.
Награди и признанија
-1966 Борбина плакета, за пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
-1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп,
-1981 Голема награда на Бимас, за Универзалната спортска сала во Куманово
Позначајни реализирани дела
-1958 Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје,
-1962 Станбениот блок ( П+5+По) на аголот на улиците „Ленинова” и „Орце Николов” во Скопје
-1966 Пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
Автор на статија: Filip Koneski