Почнува изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј Ин“
29.11.2021 • Информации

Согласно планираното според ДУП Ц 08 од 2012 година, со којшто се планира изградба на висококатници спроти хотелот Холидеј Ин, се подготвува теренот за отпочнување на градежните работи за првата кула од комплексот „Гранд“ на парцелата 1.1.


Овој станбено-деловен објект ќе биде со приземје плус 20 ката и поткровје, додека пак паркирањето е планирано на три подземни нивоа. Понатаму се планира да се продолжи со станбена кула од 22 ката и деловен центар од 16 ката.
На почетокот на оваа година Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на Општина Центар за начинот на применување на деталните урбанистички планови и го укинува мораториумот за градење. Потоа се појавија стории во врска со изградбата на овој комплекс кои предизвикаа огромни реакции во јавноста. Отпочнувањето и подготвувањето на теренот деновиве исто така ја пробудија јавноста. За овој детален урбанистички план во исто време сè уште се води предистражна постапка.

Повеќе информации за оваа локација и случувањата погледнете на следниот линк >>>
Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје

Автор на статија: Martina Shteriova