Полициската зграда во Аеродром
19.06.2026 • ХХ век / I половина
Година: ?
Автор:?
Фотографии: Филип Конески 2026
Зградата на Полицијата во Аеродром, се наоѓа веднаш до Касарната „Гоце Делчев“ и Воениот базен. Објектoт со сигурност можеме да тврдиме дека е изграден во периодот помеѓу двете светски војни во времето на СХС. Најверојатно припаѓал на комплексот поврзан со стариот аеродром во Скопје кој се наоѓал на оваа локација.
Стилски објектот е вистински пример на преминот од еклектичните стилови преку академизмот кон модерната и како таков претставува еден од ретките сочувани живи објекти во Македонија.
Волуменски се развива скалесто кон аголот на раскрсницата, додека централно е поставен церемонијален влез со класично третирање на трем но со поедноставена декоративна пластика.
Приземјето доминира со својата висока таваница. Во делот на полукружното исфрлање постои свечена сала со атрактивна разработка на плафонот. Во овој објект беше формиран и Воениот Музеј во 2006 година, кој поради политички причини и договорот со Грција беше затворен. По пренамената на објектот, во него се всели локалната полиција, под владение на Министерството за внатрешни работи.
Секоја информација за овој објект е добредојдена.
Автор на статија: Filip Koneski
Аеродром / Воен базен / Воен музеј / Полиција / Стар аеродром





