ПОВИК ЗА УЧЕСТВО за 32-ра сесија Меѓународна летна школа за архитектура на АФС при УКИМ

01-09 јули 2023 година

 

32-ра сесија Меѓународна летна школа за архитектура, Лазарополе, 2023

Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,

 

АРХИТЕКТОНСКИ АЛАТКИ ЗА РУРАЛНО ЖИВЕЕЊЕ

 

Архитектонска работилница со Манфредо ди Робилант

Истражувачкиот проект и наставната програма „Глобални Алатки“ (Global Tools) претставува обид на нео-авангардната група Суперстудио (Superstudio) како и други радикални италијански архитекти да се справат со кризата на модерната архитектура во седумдесеттите години на минатиот век. Целта на „Глобални Алатки“ беше навраќање кон корените на архитектонскиот проект преку проучување на основните работни алатки на руралните традиции. Во дискурсот кој произлезе во периодот на модерната за разгледувањето на архитектурата како дисциплина, програмата се фокусираше на гестови, задачи, ритуали, наместо на простори, функции и процеси.

 

Потпирајќи се на искуството на „Глобални Алатки“, работилницата има за цел да го прошири и реконструира нивното значење преку прагматичен пристап кон Лазарополе. Местото претставува полунапуштено, изолирано село сместено на надморска височина од 1.350 метри, на малку антропизираната, пошумена јужна граница на националниот парк Маврово. Денес, Лазарополе е посетувано исклучиво во текот на пролетните и летните месеци и бележи драматична разноликост на неговото население кое се менува сезонски и во работните денови. За време на демографските пикови, во текот на летото и викендите местото се соочува со проблеми во однос на не доволно опремени јавни површини.

 

Пристапот кој го предлага работилницата се поставува наспроти амбициите за присвојување на надворешно знаење за тоа како треба да се уреди едно место во локален контекст и се оттргнува од дискурсите за зачувување и повторна употреба на објектите кои верно ја одразуваат традиционалната локална типологија на селската куќа, каде приземјето е посветено за одгледување добиток, а горните катови се наменети како живеалишта. Работилницата предлага учење од „алатките за населување“ што локалната заедница ги развила низ вековите и како истите можат да се приспособат/трансформираат за моменталните потреби на сезонскиот туризам. Работилницата не треба да претставува носталгичен поглед, туку прагматичен пристап за современата состојба на Лазарополе, проектирање на неговата иднина како природно климатско прибежиште во периодот на зголемените летни температури.

 

 

 

АФСAFSАФСВо оваа насока, студентите ќе работат на проектирање „архитектонски алатки“ (architectural tools) за јавните простори на селото за да ја подобрат нивната способност да бидат домаќини но и да поттикнат настани, ритуали и содржини за привремените жители. Архитектонски алатки се интервенции од мал размер кои можат да бидат расклопени на крајот на летото, како што се: павилјон за подготовка и враќање од планинарење, простор за готвење на отворено, отворени дневни соби кои обезбедуваат место за седење и одмор под сенка, простор наменет за работа на далечина, инфо пулт, простор за разговор и дискусија како и сцена за кино на отворено, игралиште или мини опсерваторија.

 

 

Повеќе на www.arh.ukim.edu.mk