Повик за ГГН 2026
24.09.2026 • Информации
Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК за учество за доделување на Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2026 година.
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) секоја година доделува Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело. Покровител на наградата е Претседателот на Република С. Македонија.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование и кои се државјани на Република С. Македонија. Учесниците пријавуваат свои авторски дела – реализирани архитектонски објекти на територијата на државата, кои
се изведени во истата календарска година.
Право на предлагање на учесници имаат и сите физички лица, државјани на Република С. Македонија.
Предлогот треба да содржи:
– име на објектот
– име на авторот / авторите
– овластување на проектантот / проектантите
– технички опис
– извод од план, ситуација
– сите графички прилози (основи, пресеци, изгледи), 3Д визуелизации
– фотографии од објектот
Наведениот материјал се доставува електронски на e-mail: kontakt.aam@gmail.com
Рокот за предавање на горенаведената документација е до 25.10.2026 година.
Напомена: Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори, за учество плаќаат котизација од 3.500,00 денари по пријавен труд. Доказот за уплата на котизацијата е потребно да се достави со останатите материјали.
Телефон за информации: 070 367 537, Лице за контакт: Ива Петрунова
Управен одбор на АА
Автор на статија: Filip Koneski
2026 / ААМ / Асоцијација на архитекти на Македонија / ГГН / Голема годишна награда / повик
