Предлог за доградба на старата градска болница во Скопје

На прес конференција пред неколку дена, директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, Љубен Арсенков, пред министерот за здравство и премиерот на државата презентираше 3D анимација на предлог проект за доградба на објектот.

 

 

Предвидената интервенција го зазема местото на паркингот пред болницата, на ниво +1,  додека приземјето е слободно во улога на трем над паркингот и надстрешница пред влезот во болницата. Капацитетот на оваа доградба се 5 нови операциони сали, за кои како вели директорот ќе бидат спас за македонската хирургија. Објектот треба да заврши со кровна градина, но нејасна остана изјавата за бар во склоп на градината.

 

Извадок од 3D анимацијата

 

Како и секогаш на ваквите презентации недостасува инфорамцијата кој е проектант на ова решение и како истото е добиено во форма на проект.

Оваа прес конференција имаше улога за презентација на потребата за нови операциони сали, но и за очигледен јавен притисок врз Конзерваторскиот завод кој не дозволува интервеции на објектот кој претставува заштитетно градителско наследство. Премиерот Ковачевски саркастично го потсети Заводот, дека пред Лувр постои современа интервенција во форма на пирамида.

 

Извадоци од 3D анимацијата

 

Болницата годишно опслужува преку 100.000 пациенти, од кои 4500-5000 се за оперативен зафат.

 

На линкот дознајте повеќе за градската болница >>>

„Градска болница” Скопје / Драго Иблер и Драго Галич 1934