Предлози до идниот градоначалник на Скопје / 6: Ревитализација на градските реки
13.08.2025 • Став

Насловна фотографија: р. Треска, Скопје / фото: Борис Јурмовски
Повеќето градови во Македонија се основани во непосредна близина на реки. Тоа е бидејќи во минатото имало живот само онаму каде што имало вода.
Реките примарно се користеле како извор на вода за пиење и агрикултура, но имале и низа секундарни функции: природна препрека за непријатели, магнети за флора и фауна, и спиритуални локалитети за дамнешните религии.
Историски приказ на р. Драгор во Битола / извор: babambitola.mk
Но, откако античките Римјаните ги создадоа првите аквадукти, уталитарната функција на градските реки почна да избледува. Векови подоцна преку подземна мрежа го поврзавме секој дом со самите извори, по што остаток од нивните водотеците веќе престанаа да бидат важни.
Па така во нашите реки почнавме да го ставаме се она од кое сакаме да се „отарасиме“, отпадни води, токсични материјали, шут, ѓубре… Некогашните животни артерии на нашите градови, се претвори во нивните дебели црева.
р. Вардар низ историјата / извор: македонски портали и блогови
Продолжете со читање на објавата>>>
Предлози до идните градоначалници / 6: Ревитализација на градските реки

Автор на статија: Filip Koneski
Вардар / Градоначалник / градски реки / Корито / Лепенец / предлог / ревитализација / Скопје / Треска