Property One Co-Work / Parallel Group
21.12.2022 • Ентериер и мебел
Автори: Татјана Гиновска, Ирина Петковска, Марта Шулајковска
Проектантско биро: Parallel Group
Инвеститор: Property One Real Estate& Development
Година на изведба: 2022
Локација: Скопје
Фотографии:
Proeprty One Co-Work претставува работен простор со измешан концепт на отворен канцелариски простор и работни зони, конференциски простор и канцеларии за работа во тимови.
Идејата беше да се создаде отворена, продуктивна атмосфера засилена со креативен ангажман кој вклучува игра, социјална интеракција и спонтани кратки паузи, во кул и удобен амбиент. Максимално е искористена дневната светлина од сите четири страни, нудејќи рамнотежа од стаклени и цврсти ѕидови со цел постигнувње на визуелна приватност и отвореност.
Процесот на дизајнирање ја одразува длабоката желба да се создаде култура во која ќе се поттикнат позитивни искуства на своите клиенти, партнери и луѓе.
Обезбедени се разновидни флексибилни простории за состаноци и тивки простории, кујна со целосна услуга и маси како во ресторани. Мебелот во местата за релаксација се во стил на дневна соба кој низ канцеларијата служат како импровизирани простори за состаноци и соработка.
Една од целите на инвестиорот беше да се постигне долгорочна одржливост. Поради тоа во самиот проект беа вклучени сензори за осветлување, систем за рециклирање ѓубре, полнач за електрични автомобили како и растенија кои живеат во затворен простор (биофилија).
Канцеларијата располага со доста можности за одмор и релаксација од рачно-направените столчиња до соба за игри на Apple TV.
Низ целиот простор преовладува зелената, жолтата и сивата боја. Вклучителни се во застаклените просториите за состаноци, на плочките, тепихот и во изборот на материјали за мебел.
Производи кој имаат најголемо влијание во просторот се канцеларискиот мебел на IVM и канцелариски столици и “lounge” елементи на Leyform.
Целиот простор е со вкупна површина од 325м2 во кој луѓето секојдневно работат и се социјализираат.
Автор на статија: Filip Koneski
Parallel Group / Property One Co-Work / Ирина Стефановска / Марта Шулајковска / Татјана Гиновска