Промоција на публикација од студентски проекти МИТ Универзитет – Скопје

МИТ Универзитет – Скопје, Факултет за Архитектура,

Со особена чест и задоволство Ве поканува на промоција на стручната публикација со наслов:
“Зголемување на јавното зеленило како императив во урбанистичкото проектирање – урбанистичко архитектонски интервенции на централното градско подрачје на Скопје”.
Оваа публикација претставува завршна фаза на повеќемесечното истражување и работа на студентите од петти и шести семестар на додипломски студии и седми семестар од постдипломски студии. Публикацијата произлезе од истражувањата на студентите по архитектура по предметите: Урбанизам 1 и Пејзажна архитектура во изминатиот зимски семестар (2018/2019), како и од урбанистичката работилница организирана на Факултетот за архитектура во периодот од месец декември 2018 г. до февруари 2019 г.

Промоцијата ќе се одржи на ден 16.12.2019, понделник, во објектот Skopje urban living lab (SKULL) – во Старата скопска чаршија, со почеток во 18.30.

Повелете, Ве очекуваме!