ПРОСТОРИИ НА ЗАБОРАВОТ / изложба на Александра Петрушевска Ристовска

Во Национална галерија, Мултимедиален центар, Мала станица, отворена е изложбата на Александра Петрушевска Ристовска, насловена како Простории на заборавот.
Нејзините дела третираат светлосни ефекти врз архитектонски сцени од златната доба на македонската архитектура.
Доколку сакате да дознаете повеќе за  Александра, можете да го прочитате  интервјуто од минатата година на нашата страна, додека одблиску со нејзините дела можете да се пресретнете до 1.06.2021 година.