Еднодневна работилница „(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација“
10.03.2026 • Информации
Невладината организација УРБ-АРХ Скопје, ја најавува еднодневната работилница:
„(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација“, фокусирана на параметриски дизајн и дигитална фабрикација.
Работилницата е во соработка со Pixolid, и под менторство на Звонко Вугрешек.
Програмата на работилницата опфаќа работа во софтверите Rhino и Grasshopper, развој на алгоритамски форми и нивна материјализација преку изработка на модели.
Работилницата е наменета за студенти, но и за професионалци од архитектура, дизајн и сродни области.
Учесниците се стекнуваат со сертификат за учество и основно познавање на програмите
Котизација: 40 евра (2.465 денари)
Дата на одржување: 19 март 2026
Час: 10:00 – 16:00 часот
Локација: Младински хаб на Град Скопје, зелен кров на Дом на градежници
Телефон за пријавување: 076465000 (најдоцна до 16.03.2026)
Пријавување до 16.03.2026.
Автор на статија: Filip Koneski
(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација / параметричка архитектура / Работилница

