Регионална средба на архитекти и планери во Тетово

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше одржана Регионална средба на архитекти и планери во Тетово на 23.06.2023 година во простории на деловниот објект на БФМ КОМПАНИ – Тетово.

Во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на присутните им се обрати и им посака добредојде на Регионалната средба, Раководителот на одделението  на архитекти, Веселинка Герасимова – Петровска. Во своето обраќање кон присутните во свое  лично име и во име на КОАИ се заблагодари  на г-дин Фејсал Мустафи, извршниот директор на БФМ Компани,  за безрезервната поддршка која БФМ КОМПАНИ ја даде кон Комората со тоа што прифати да биде домаќин во реализацијата на оваа регионалната средба.

Идејата за организирање на регионална средба на архитекти и планери датира уште од минатата година, но за нејзина реализација беше потребно време и, пред сé, специјален повод.

 

 

Поводот за настанот се неодамна донесениот  Ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата и претходно донесениот Тарифник за вредноста на работите од урбанистичко планирање.

Темата на настанот беше презентација на Ценовникот и Тарифникот, дебата за истите, како и нивна  задолжителна примена со цел Соодветно вреднување на инженерската професија   а со тоа и  квалитетна високо професионална проектна документација која ни  отвара поле за реализација на инвестицијата со минимални предизвици и технички недоречености.

По отварањето на средбата, се обрати г-дин Фејсал Мустафи  кој во име на БФМ КОМПАНИ изрази задоволство што  е дел од организацијата на настанот кој се одвива токму во просториите на БФМ Компани, и истакна дека секогаш е спремен да подржува средби кои ќе овозможат афирмација и едукација на инженерската професија. Г-дин Фејсал Мустафи образложи дека компанијата е инволвирана во градежништвото во повеќе сегменти, а како особено заначаен го истакна  машинството – греење, ладење и вентилација на објектите кое е директно поврзано со светските тендеции на енергетски ефикасни и  пасивни објекти кое се во тесна врска со архитектурата и инженерите и потребата на мултидисиплинарна едукација и пристап кон решавање на денешните технолошки барања.

 

 

На  средбата продолжи со образлагање член на Одделението на урбанисти и планери Дурим Фетаху дипл.инж.арх., кој даде даде вовед за Тарифник за вредноста на работите од урбанистичко планирање и појасни дека се применува повеќе од две години. Тој изрази задоволство за средби од ваков вид и ги повика членовите на Одделение на архитекти Армен Шакири м-р. арх. и Хамди Сулејмани дип.инж.арх. да го презентираат Ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата.

За презентација на ценовникот Армен Шакири м-р. арх имаше подготвено примери на различни класи на намени и детално им објасни на присутните на кој начин се пресметува цената на инженерската услуга за изработка на идеен, основен проект, ревизија на проектна документација како и надзор над изградбата на објектите. При излагањето тој го изнесе и членот од времен карактер за намалување на пресметаните вредности од 25% кој е во важност до 01.01.2025 година,  а на барање на ресорното Министерство за транспорт и врски По презентацијата колегата Хамди Сулејмани дип.инж.арх., ги повика присутните за прашања, мислење  по што се отвори дискусија.

 

 

 

Во текот на дебатата присутните поставуваа прашања, даваа свои предлози, бараа објаснување на ценовникот, но особено потенцираа дека треба да се најде соодветен начин за контрола на примената на ценовникот.

На прашања одговараа и даваа коментари Раководителот на Одделението на урбанисти и планери Михаел  Димитровски, Дурим Фетаху член на Одделението на урбанисти и планери, Арменд Шакири, Хамди Сулејмани, Никола Велковски, Благојче Цветковски, Лилјана Најдовска и Веселинка Герасимова-Петровска – членови на Одделението на архитекти.

Дебатата која се разви допре различни теми кои покрај Ценовникот и Тарифникот даде јасна слика за потребата од организација на регионални средби на кои би се дискутирало  на различни теми, да се  слушне  мислење, одговараат  прашања за  секојдневните предизвици со кои се соочуваа аритектите и инженерите. Ваквите средби дават насока за наоѓање на решение на детектираните проблеми на колегите архитекти и планери и инженери од различни региони кои сигурно се идентични во целата земја.

 

 

 

 

Особено радува што на Регионална средба на архитекти и планери во западниот регион беа присутни и земаа учество голем број  архитекти, планери и инженери и веруваме и посакуваме ваквите средби да станат традиција.

Организирањето на  средбите се најдобриот начина да се слушне мислењето на членството на КОАИ, да се приближи раководството и  регионалните одделенски представници до членството  да се дебатира за начинот на работењето на Комората, да се иницираат активности а со тоа и да  го подобриме нејзиното  работење и реализирање на  примарната дејност -да ги застапува, усогласува и заштитува  интересите на овластените архитекти и овластените инженери.

Токму затоа за релизирање на своте цел КОАИ  има јасно поставени приоритети, и тоа:

  • Афирмирање на архитектонската и инженерската  професија
  • Подигнување на квалитетот на архитектонските и инженерските услуги во државата
  • Размена на позитивни практики во земјата и странство
  • Валоризирање на трудот на архитектите и инженерите
  • Јакнење на капацитетите на членовите на Комората
  • Остварување соработка со сродни организации во земјата и странство

 

 

 

Во насока на погоре наведените заложби се реализираше Регионална средба на архитекти и планери во западниот регион, како активност за презентација на Ценовникот за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата и Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање, но исто така важно, и дебата со членството на КОАИ на различни теми.

Во рамки на настанот на БФМ КОМПАНИ и  Г-дин Фејсал Мустафи врачена е Благодарница од страна на КОАИ за Допринос и учество во Регионалната средба на Архитекти и Планери во Западниот регион.

 

Извор: КОАИ