Предлог фасадно решение и ентериерно уредување на Индустриски комплекс СИНПЕКС / 3SArchitects
21.05.2022 • XXI век Ентериер и мебел
Година на проектирање: 2021
Автори: Наташа Стојаноска, Лазар Стојаноски
Соработници: Димитар Цветковски
Проектантско биро: 3SArchitects, Скопје
Инвеститор: СИНПЕКС доо Битола
Локација: ул. “Индустриска” бр. бб, КО Битола 5, Битола
Површина: 2700 m2
Објектот е дел од индустриски комплекс составен од неколку објекти. На барање на Инвеститорот изготвен е Проект за реконструкција и адаптација на објектот кој претходно бил седиште на Битолската текстилна индустрија. Самата хала која е предмет на архитектонската интервенција е поранешниот простор за производство кој добива нова програма според потребите на новиот сопственик и се пренаменува во простор за складирање со административен дел.
Со оглед на дејноста на Инвеститорот- продажба на земјоделски машини и опрема, алати, резервни делови, рекреативни возила итн. проектантскиот израз е насочен кон индустрискиот дизајн кој соодветно би го отсликувал карактерот на компанијата на надворешноста и во внатрешноста на објектот.
Фасадата е оформена како обвивка од вертикални алуминиумски профили со различен растер, поставени на метална потконструкција преку термоизолацијата од камена волна. Овие вертикални елементи имаат и секундарна улога како вертикални брисолеи кои на западната страна ги покриваат и прозорите помеѓу роловратите. Фасадната столарија е алуминиум врамени со метални рамки од црн алубонд. Изборот на материјали е направен со цел лесно одржување и трајност за ова поднебје чија годишна температурна разлика изнесува повеќе од 70о С.
При организација на ентериерот на административните канцеларии главното барање на Инвеститорот беше обезбедување на максимален простор за складирање документација. Според тоа се искористени сите обиколни ѕидови за позиционирање на мебел за документација, а воедно е поставен и транспарентен ѕид-преграда, кој визуелно го дели просторот на влезен дел и работен дел, а функционално го збогатува просторот исполнувајќи ги поставените барања. Во однос на програмските содржини главно оформени се два засебни простори еден за работа на административните работници и друг за престој на вработените од магацинот и комерција.

Избраните материјали и тука се во склад со избраниот проектантски правец, односно доминира индустриски дизајн, каде главен акцент е ставен на транспарентниот ѕид-преграда од вертикални елементи- метални профили и хоризонтални елементи-полици каде што преку два засебни ‘портали’ од предпросторот се пристапува до просторот за работа.
При проектирањето на ентериерниот простор особено внимание е посветено на ускладување на материјалите и тонови со надворешноста на објектот.
Автор на статија: Filip Koneski
3SArchitects / имитар Цветковски / Индустриска / Индустриски објект / Лазар Стојаноски / Наташа Стојаноска / СИНПЕКС доо Битола