Резбарени таваници, долапи и врати во Македонија / Светиева
02.09.2024 • Истражување Литература
Наслов: Резбарени таваници, долапи и врати во Македонија
Автор: Анета Светиева
Уредник и автор на предговорот: проф. д-р Љупчо С. Ристески
Издавач: Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија – ЦЕИПА
Место и година на издавање: Скопје, 202
Анета Светиева е професор и етнолог кој за прв пат ја обработува темата на македонските резби во склоп на нејзиниот докторски труд на Одделот за етнологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград.
Години подоцна таа го сумира нејзиното истражување во публикација која се фокусира на резбарените таваници, долапи и врати.
Публикацијата најпрво ги анализира историските, културните и уметничките околности кои влијаат на украсувањето на ентериерите помеѓу XIV-от и XIX-от век. Авторот потоа се фокусира на резбите во Македонија, на самиот занает и мајсторите, но и на типологиите на резби и нивната естетика.
Истражувањето завршува со каталогизација на резбарените таваници, долапи и врати во Македонија, поделени по региони и објекти.
Последниот сегмент на публикацијата содржи фотографии и низа цртежи кои се изработени од самиот автор Анета Светиева и од проф. Кокан Грчев.
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Анета Светиева / долапи и врати / Ентериер / резба / Резбарени тавани / цеипа