Краток извештај за резултатите од работата на конкурсната комисија за изработка на идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на ридот Кале

На конкурсот за изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за уредување на ридот Кале во Скопје до определениот рок 15 мај 2019 година, пристигнаа вкупно седумнаесет (17) трудови.

Работејќи во две одвоени сесии на оценка на пристигнатите трудови, Конкурсната комисија се одлучи да додели две (2) рамноправни први награди од 125.000 денари на трудовите под шифра “SO 162” и “Modul” и трета награда од 50.000 денари на трудот под шифра “LOG 01“.

Имињата на наградените автори и извештај за работата на Комисијата, вклучувајќи ги и рецензиите за трудовите ќе бидат објавени најкасно до 15. 06. 2019.

Членови на конкурсната комисија:

Зоран Петровски – претседател, Музеј на современата уметност Скопје

Професор д-р Влатко П. Коробар – Архитектонски факултет, Скопје

Вонреден професор д-р Јован Ивановски – Архитектонски факултет, Скопје

Доцент д-р Горан Мицковски – Архитектонски факултет, Скопје

Доцент д-р Ана Ивановска Дескова – Архитектонски факултет, Скопје

Архитект м-р Снежана Герасимова – Управа за заштита на културното наследство

Доцент д-р Мери Батакоја – Архитектонски факултет, Скопје

 

Музеј на современата уметност, Скопје

31. 05. 2109

 


 

НАГРАДЕНИ АВТОРИ НА КОНКУРСОТ:

Со одлука на Конкурсната комисија, двете рамноправни први награди од 125.000 денари доделени им се на следните автори:

  • Александра Шулевска и Кристоф Шлислер (Kristof Schlüβler) архитекти од Берлин за трудот пријавен под шифра “SO 162
  • Ана Рафаиловска, Марија Антиќ НиколоваЛидија Ристовска и Невенка Манчева Аџиевска, архитекти од Скопје за трудот пријавен под шифра”Modul

Третата награда од 50.000 денари им е доделена на авторите:

  • Александар Врангаловски и Елеонора Поповска, архитекти од Берлин, со соработниците Лазар Лазаров и Маја Бошкович за трудот “LOG 01“.

Поради неодложни обврски и професионални патувања на поголемиот дел од членовите на жири комисијата, објавувањето на рецензиите на трудовите, најавено за 15. јуни, се одложува и ќе биде објавено најдоцна до 07. јули 2019.

Со должно извинување,

Зоран Петровски, Претседател на Конкурсната комисија

Музеј на современата уметност Скопје

16. јуни 2019