Рибник и туристичка станица / Трајановска, Арсовски

Автори: Калина Трајановска и Кристијан Арсовски

Тема: Рибник: Трансфер зона

Ментор: Минас Бакалчев

Педагошки тим: Кабинет за проектирање на станбени и колективни  објекти

Универзитет: Св. „Кирил и Методиј“, Скопје

Година: 2021

Семестар: IX

 

ЛОКАЦИЈА

Површината која е предвидена за поставување на рибник, кој би бил и трансфер зона односно попатно застанување за туристите се наоѓа во непосредна близина на манастирот св. „Јован Бигорски“ и ресторанот „Куќа на Мијаците“.

 

 

Позицијата на локацијата претставува долина на река Радика, рамна ливадесна површина, под нивото на улицата, која е обиколена околу на околу го големи планински масиви. Дополнето со силниот шум на река Радика создава магично чувство на вознишение, кога се наоѓате во центарот на локацијата, тоа е квалитетот на мстото. Затоа ние со нашиот концепт не сакаме со архитектурата да и пркосиме на природата, него да се соединиме со неа и со надоврзување архитектурата да произлезе од природата на местото.

 

 

КОНЦЕПТ

Како да создадемe архитектура која произлегува од природата ?

Инспирирани од природата во Галичкиот крај и од традиционалната градба, одлучивме нашиот концепт и обликот на градбите да биде симболичен и ненаметлив на природата. Програмата и формата на објектите да произлегуваат од природата и карактерот на просторот, односно архитектурата да биде во симбиоза со природата. Секој објект претставува сумбол, артефакт на местото, испроектиравме осум типови на објекти со различна намена и содржина.

 

 

ПРОГРАМА

До локацијата се пристапува од две страни, предвидени се две паркиралишта за посетителите да ги остават своите автомобили кај влезот и да започнат со истражување на локацијата. Поставивме по еден видиковец кај влезовите за да може оној што сака да ја согледа целата композиција, со инкомпорирани стаклени лифтови за лица во прпречености.

 

 

Како што продолжуваме да навлегуваем во локацијата од страната на манастирот ќе се пресретне мало вештачко езеро кое е поставено тука за потребите на рибникот. Во горна зона е поставен помошен објект, покриент паркинг и простории за луѓе задолжени за одржување на комплексот и агрикултурата.

 

Од другата  страна го најпрво доаѓаме до камп зоната каде посетителите со кампови можат да кампуваат тука, да преноќат, да се соберат околу огниште и сл. Во непосредна близиа се наоѓа и ранчот за коњи со интегриран сопствен манеж, со надополнување на програмата за туристи со традиционално јавање на галички коњи.

 

 

По должина во горна зона на локацијата е позиниониран рибникот кој е поделен на три дела, помал дел за мрестење на рибите кој се разликува од останатите делови. Паралелно на овие два дела се поставени и содржини за гостите т.е. во помалиот дел е позициониран ресторан и посебно бар, на прво ниво, додека влезовите заедно со рецепцијата и музејот се поставени на приземје.

 

 

 

Во продолжение на рибникот се поставени и конаците за спиење, поврзани со заеднички простории на приземјето, кој што е предвидено да им опслужуваат на сите кои привремено престојуваат, изработени од камен. Додека до интимниот дел каде е поставена бањата и спалната се пристапува преку посебни еднокраки скали. Целокупната констукцијата поставена на првиот кат се предвидува да биде изведена од традиционален бондручен систем.

 

 

По течението на реката Радика од внатрешна страна се поставени монтажни објкети во улога на пејзажни хотели, во два типа, проектирани за да се инкорпорираат во природата и да станат дел од неа. Секој простор врамува одреден дел од природата, формата е инспирирана од органските форми во природата. До сите објекти се пристапува преку влезен вестибил а во секој има сопствена спална, чајна кујна, трпезарија, тоалет, туш  и џакузи.

 

 

Овие мали објекти покрај река ги обединува централно поставен специјализиран спа центар. Во форма на октагон, со поглед кон река Радика. Поседува програма во седум засебни единици наменети за релаксација и целосно опуштање на посетителите на комплексот.

 

 

Инспирирани од филмот „Сталкер“ во режија на Андреј Тарковски, природата во овој комплекс ја оставаме недопрена а со тоа креираме зона за истражување.

 

Автор на статија: