Се отвори „Diamond Mall“ во Скопје

На 20.10.2023 свечено се отвори новиот трговски центар „ Diamond Mall“ во Скопје.  Истиот е дел од големиот комплекс „Лимак“ со мешана намена.

Според кажаното од страна на сопствениците, станува збор за вкупна инвестиција од 350 милиони евра, во која трговскиот центар центар влегува во категорија на „Лајф-центри“. Во првата целина на Diamond Mall влегува простор за продавници со површина од 48.000 m2 или 150 локали, втората целина припаѓа на „Зоната на соништата“ од 7.000 m2,  додека третата зона е Гурманската авенија.

Трговскиот центар е отворен во сите правци, обезбедувајќи притоа паркинг простор за посетителите од 2900 места.