Започна со изградба зградата „Скендербег“ (Карпата на Тирана) на студиото MVRDV

Започна изградбата на зградата Скендербег на MVRDV (официјално позната како Карпата на Тирана), проект за мешана употреба со височина од 85 метри,  обликуван во форма на бистата на албанскиот национален херој  ќе биде една од најголемите згради во светот што претставува фигуративна скулптура.  Завиткана во заоблени балкони кои го формираат обликот на главата на Скендербег, зградата ќе биде иконично обележје на плоштадот Скендербег, самиот центар на главниот град на Албанија, славејќи и асимилирајќи се во културната историја на земјата, притоа давајќи ѝ на Тирана единствен идентитет за разлика од кој било друг главен град. Во исто време, зад својот драматичен изглед, зградата обезбедува добро дизајнирани, функционални домови на една од најпосакуваните локации во цела Тирана.

 

 

Сместено на североисточниот агол на плоштадот, дизајнот на MVRDV за инвеститориte ANA sh.p.k. и VI&VI sh.p.k го носи неговото присуство на сосема ново ниво. На ниво на улицата, зградата го исполнува местото со „чудно“ обликување до самите рабови, а главата на Скендербег е „издлабена“ од овој максимално дозволен волумен како мермерна биста. Неговите раменици се усогласуваат со најширокиот дел од локацијата, додека главата е свртена надесно, свртена кон плоштадот што го носи неговото име.

 

 

Дизајнот го постигнува својот необичен изглед со предвидување на балкони кои ја обвиткуваат целата зграда на секое ниво, со заоблени испакнатини што ги формираат деталите на лицето како што се носот, ушите и брадата. Овие балкони им овозможуваат на внатрешните простори на зградата да усвојат порационален план во основата додека обезбедуваат значителна количина вреден, засенчен надворешен простор за станарите. Резултирачкиот ефект е донекаде суптилен, луѓето можеби ќе треба да погледнат двапати за да ја разберат формата на зградата, во зависност од аголот од кој ја гледаат. Овој експресивен пристап беспрекорно се вклопува во градот кој развил традиција на мешање на уметноста и архитектурата како дел од неговата посткомунистичка ренесанса.

 

 

 

 

Во внатрешноста, зградата содржи едно ниво на комерцијален простор и четири нивоа на канцеларии, програми кои можат да се сместат во длабоките простори на дното на „бистата“. Над овие содржини, се предвиден 20 ката за домување кои  ја исполнуваат „главата“, со посебно внимание посветено на секој поединечен план за кат за да се гарантира дека овие домови ќе бидат функционални и покрај неправилната форма на зградата.

 

„Деновиве градовите ширум светот се повеќе личат еден на друг – секогаш ги охрабрувам да се спротивстават на ова, да го пронајдат својот индивидуален карактер и да го нагласат“, вели основачкиот партнер на MVRDV, Вини Маас. „За мене, Зградата Скендербег е можност да го направам токму тоа. Тоа им носи ново значење на постоечките елементи на албанската архитектура.“

 

 

Балконите за секој дом се одделени со вградени жардинери, кои овозможуваат зеленилото од околината да се прошири низ зградата, при што се користат автохтони растенија.

Дизајнот вклучува голем број карактеристики што го прават одржлив за топлата клима во Тирана. Благодарение на широките надвиснати балкони, зградата е заштитена од прекумерна сончева светлина, а распоредот на подот овозможува природна вкрстена вентилација. Системите за зафаќање на дождовница и за обновување на топлина ги минимизираат потребите за вода и енергија на зградата.

 

 

Стаклените балустради на балконите се карактеризираат со градиентна завршница, од млечно бела до чиста завршница и давајќи ѝ на зградата етеричен изглед налик на мермер. Ноќе, светлосните ленти вградени во долната страна на балконите ја истакнуваат формата на главата на Скендербег, правејќи ја зградата светилник и знаменитост во градот.

 

Материјалот е превземен од официјалната страна на MVRDV >>>