Skopje Design Week 2016
18.10.2016 • Изложби Информации Конкурси

Скопската недела на дизајнот, 6 та година по ред се организира од страна на „Јавна соба“. Настанот придонесува кон освестувањето на јавноста за перцепцијата што е тоа дизајн, како истиот да добие пазарна функционалност и презентација. Секојпат настанот презентира држава во фокусот, млади таленти, работилници, изложувачи од регионот, домашни таленти низ процесот на социјализација, добра музика, храна, дебати…
Оваа година земја во фокусот е Австрија, додека во зоната на талентот ќе може да ги погледнеме младите балкански дизајнери. Програмата секојдневно се надополнува, затоа ве советуваме да се запознаете подетално со настанот и отворените повици на официјалната страна на настанот – ministryofpleasure.net
Ф.К

Автор на статија: Filip Koneski