Skopje Rock Hackathon 2018
29.10.2018 • Информации
Градот Скопје, заедно со Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Архитектонски факултет, и Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб, во партнерство со Ecopreneurs for the Climate (Еко–претприемачи за климата – ECO4CLIM), заеднички го организираат Скопје РОК Хакатон 2018, којшто ќе се одржи во периодот од 9 до 11 ноември во Скопје.
Станува збор за дводневен маратон за ко–креирање наменет за студенти, млади професионалци и претприемачи, со цел да се зајакне еко–претприемништвото, одржливите бизнис иновации и мрежите за соработка, коишто претставуваат клучни слоеви за ефективни и инклузивни решенија за главните предизвици со кои се соочува градот во однос на животната средина, вклучувајќи ги и климатските промени.
Хакатонот е дел од проектот РОК, финансиран од Хоризонт 2020, како и од иницијативата Young Ecopreneurs Climathons 2018 (Климатони за млади еко–претприемачи 2018 – #YoungEcoClimathons18), кој вклучува зелени хакатони во многу градови ширум светот коишто се одржуваат во текот на целата пролет и есен, а завршуваат со Конференцијата за климатски промени на ОН 2018 (COP24), во Катовице (Полска), во периодот од 03 до 14 декември.
Кој може да учествува?
Сите што сакаат да бидат вклучени во изнаоѓање на решенија за општествените предизвици и предизвиците во однос на животната средина, климатските промени, пристапноста до културното наследство и урбаната отпорност, со градење на одржливи и инклузивни деловни решенија.
Особено:
– Студенти од различни области како бизнис, архитектура, шумарство итн.
– Млади професионалци коишто бараат вработување во полето на одржливост / климатски иновации
– Млади еко–претприемачи коишто бараат идеи, можности и/или тимски соработници
– Граѓани коишто се заинтересирани да го трансформираат својот град во еден отпорен урбан систем.
Зошто да учествувате?
• Приклучете се на група иноватори, луѓе со визија и позитивна енергија
• Зајакнете ги вашите вештини за развој на одржливи бизниси
• Проширете ја вашата мрежа на домашни и меѓународни контакти
• Откријте нови можности за развој
• Дознајте повеќе за културното наследство на Старата скопска чаршија
• Можност да изградите сопствен бизнис
Програма:
Хакатонот ќе трае два и пол дена, структуриран од околу 4 работни сесии, со меѓународни експерти – фасилитатори и методологија поддржана од алатката “Green Business Canvas”
По хакатонот, победничкиот тим ќе работи на развивање на своето решение преку програма за инкубација, управувана од ко–организаторите, под (онлајн) надзор на Ecopreneurs for the Climate. Дополнително, по инкубацијата, членовите на победничкиот тим ќе добијат можност да го претстават своето решение на еден меѓународен настан во склоп проектот РОК во 2019 година и на различни национални поврзани форуми.
Регистрација:
Регистрацијата е задолжителна и предвидува обврска да присуствувате и активно учествувате на хакатонот. Апликацијата може да ја пополните на следниов линк:
http://skopje.climateinnovation.city
Може да се регистрираат и тимови, но секој член треба да се регистрира посебно, а потоа во почетокот на хакатонот заедно сите ќе се групираат.
За повеќе информации контактирајте ги:
1. Софија Богева, координатор на Скопје Лаб – skopjelab@skopje.gov.mk
2. Марио Рингов, Град Скопје – Mario.ringov@skopje.gov.mk
Дополнително, на 31.10.2018 ќе се организира ИНФО СЕСИЈА на која ќе може да се запознаете подобро со предизвикот и деталите околу учеството.
Овозможено од страна на:
• Градот Скопје
• Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонскиот факултет
• Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб
• Проектот РОК Хоризонт 2020
Поддржано од:
Европската Комисија, преку Програмата Хоризонт 2020.
#Аплицирај на: https://goo.gl/Kc7QFx
#Краен рок за аплицирање: 07.11.2018
#Капацитет: 10 тима, макс 40 учесници
#Повеќе инфо на: https://goo.gl/qEMLhE
#Предизвик: Реупотреба на културното наследство за креирање на иновативни зелени јавни простори во Старата Скопска Чаршија #SmartHistory #SmartGreen
#ИнфоСесија: 31.10.2018, 11 часот, Сала за состаноци, Факултет за Архитектура
За повеќе инфо околу настаните може да го посетите и твитер профилот https://twitter.com/eco4clim
Автор на статија: Filip Koneski