Служба за општествено книговодство (СОК) филијала – Струмица / Лаловиќ

Година на проектирање: 1976

Година на изведба: 1977 -1978

Проектантска куќа: Градежно претпријатие "Бетон" Скопје

Архитект: Радомир Лаловиќ

Соработници: Арх. М. Капсарова, Тех. Лј. Крстевска

Локација: Струмица

Објектот на СОК (служба за општествено книговодство), Стопанска банка и стоковната куќа “Jугопромет” лоцирани во строгиот центар на Струмица преставуваат икони на доцната модерна архитектура и урбанистичкиот развој на градот.

Потребата за изградата на овој комплекс доаѓа со ширењето и развојот на градот Струмица во седумсетите години на минатиот век каде се дефинирани оските и пристапите до градот. Урбанистичките планови за овој предел на градот се донесени во 72-та и 76-та период во кој Струмица го  бележи својот наголем развој.

Локација на комплексот © МАРХ

Урбанистичкото решение за уредување на градското централно подрачје на Струмица е изработено од архитектот Радомир Лаловиќ кој подоцна врз основа на урбанистичкиот проект ги проектира СОК, стоковната куќа и Стопанска банка. Архитектот Лаловиќ го наведува комплексот помеѓу најдрагите “бидејќи централни подрачја на градовите создадоа своевидни артикулации на градските јадра кои овие градови ги чинат препознатливи”.  Комплексот на објекти во Струмица се симбиоза и умешност на урбанистичкото и архитектонското проектирање во развојот на македонските градови и се јасна икона за градот Струмица.
Привичното решение за комплексот предвидувало изведување на четири објекти во комплексот од кои денеска се изведени само три.

Архитектонското обликување на објектот “СОК” и објектот на Стопанска банка е јасно произлезен од нивната функција, кој е разделен во хоризонтален волумен “база”и вертикален волумен “кула”. Расчленувањето на функциите во различни волумени е пристап кој Лаловиќ исто така го користи во обликувањето на комплексот банки во Скопје заедно со Олга Папеш во 1970-та година. Јавната функција е предвидена во базата на објектот од кој се издигнува админстративниот дел, кој се наоѓа во кулата.

Oснова на приземје © МАРХ

Главниот влез во објектот од страната на плоштадот “Гоце Делчев” се отвара во шалтер салата за прием со дво-висински простор од 5 метри под главниот објект кој преминува во понизок дел во задниот дел на објектот. Шалтерниот простор е ентериерно декориран со мермерен под кои се поврзува со партерното обликување на комплексот. Пристапот до администрацијата и помошните простории се наоѓа на страничниот дел на објектот каде е јасно видлив и на обликувањето на фасадата и е со најголема висина од 18.00 метри.

Карактеристичен кат © МАРХ

 

Попречен пресек © МАРХ

Фасадната обработка на објектите ја демонстрира умешноста на архитектот за потенцирање и врамување на формите и создавање на една целина од три различни објекти. Модерноста на истиот е дополнително истакната со исфрлање на стаклената фасада пред носечката конструкција што му дава еден вид на слобода во фасадното решение.


За фасадната обработка се користени само два материјали, бел мермер и травентин кој е со две различни обработки. На овој начин и користење на истите материјали низ целиот комплекс Лаловиќ ја постигнува унифицираноста на комплексот. Пропорциите на травертинот се правоаголни со што се истакнува виспчината на објектот. Објектот денеска сеуште се наоѓа во добра состојба но со забележливи оштетувања на фасадната обработка.

Денеска во објектот на “СОК” се наоѓа централниот регистер на Република Македонија. Објектот на “СОК” и целиот комплекс останува како едно од најзрелите дела на Лаловиќ и икона на Струмица и преставува дел од исклучителните архитектонски дела на доцната модерната во Македонија.

 Фасадна обработка © МАРХ

 

 Странична фасада каде што четвриот објект од комплексот требал да се подигне © МАРХ


 

Обејктот на “СОК” во градба © FB / Стара Струмица

Свеченото отварање на филијадата – 4ти Јули 1978 © FB / Стара Струмица


Непосредно по завршувањето на целиот комплекс © FB / Стара Струмица

 

Надворешен изглед © I Биенале на Македонската Архитектура, 1981

 

Ентериер © I Биенале на Македонската Архитектура, 1981

 

Источна фасада © Градски Архив Струмица

Јужна и северна фасада © Градски Архив Струмица

Карактеристичен кат © Градски Архив Струмица

Пресек А – А © Градски Архив Струмица