Периурбани зони_Железара / Милојеска, Андонова

 

Поттикнати од скорешните реакции поврзани со јавната презентација на ДУП Ц17 блок 2,3,4 општина Гази Баба (или барем обидот за), низа недоречености и институционалниот симптоматичен молк ви презентираме поинакво видување за зоните окулу фабриката Железара  како периурбани зони на градот објавуваме дел од истражувањата изработени за потребите на магистерските трудови на Ирена Милојеска, миа и Елена Андонова,миа работени во 2019 под менторство на вонреден професор д-р Слободан Велевски и вонреден професор д-р Марија Мано Велевска на Архитектонски Факултет, Скопје, УКИМ.

Денес и утре ја објавуваме трилогијата, од која денес оди воведниот сублимат на истражувањето за потребите на магистерските трудови, додека утре ќе може да ги проследите истите во одделни објави .

 

Скопје со околината

 

Градовите не се создадени да соодвествуваат со една и единствена форма на продукција, тие прогресивно се реструктуираат да одговараат на вечно променлива форма.

Перифериите те периурбаните зони претставуваат погодно тло за тестирање на социо-општествени експерименти, каде урбаниот модернитет го модифицира современото урбано искуство.

Развојот на периурбаните зони не е лимитиран на чисто физички развој со урбани карактеристики, туку е често обележан со јавувањето на нови урбани активности во руралните средини бидејќи интензитетот на урбаното искуство може да придонесе до наше интензивирано поимање на просторот или негово потполно игнорирање.

 


Од Стајковци кон  урбниот дел на Скопје

 

Периурбани зони и градскиот раб

 

Процесите на миграција и урбан раст константо го менуваат урбаниот пејзаж. Во последниот половина век, градовите претрпуваат промени во користењето на земјиштето, со цел да се приспособат на растот на населението, урбаната експанзија и проблемите со густината; но тие трансформации вообичаено се содржани во мерливи географски, концепцтуални и административни граници.
Сепак, повеќето градски центри ги надминуваат своите т.н. капацитети за развој и се соочуваат со оштетување на ресурсите и како последица на тоа, урбаниот развој е логично да се шири кон градските периферии.. Како последица на ваквото ширење, руралниот пејзаж се спојува со “внатрешниот” урбан простор на градот, а границите помеѓу руралните и урбаните средини се замаглуваат. Оваа појава создава уникатна пери-урбана состојба, во меѓу-град, што нуди значителни можности и предизвици за развојот на тие простори и идната трансформација на природните и изградените средини.

Периурбаните зони се зони на хаотична урбанизација, резултирајќи со непланско и неконтролирано урбано ширење. Оваа зона не е само просторот помеѓу, транзициска зона, туку може да биде согледана и како нова мултифункционална територија. Иако не може да се добие едноставна дефиниција за периурбаните зони, сепак има одредени карактеристики како ниска густина на изграденост, висока зависност од транспортни средства, недостаток од просторно планирање итн. Од европска перспектива периурбаните зони се дефинирани како зони со мешани намени под урбано влијание, но со рурална морфологија.Европскиот совет (CEMAT 2007) ја дефинира оваа зона како транзитивна зона движејќи се од стриктно рурална до комплетно урбана,но со големи притисоци кон рбан развој).

 

Смилковско и Стајковско Езеро во непосредна близина на Скопје

 

Новите случувања во пери-урбаните зони тежнеат кон креирање на изолирани проекти, вметнати во постојното ткиво на периферните населби и земјоделското земјиште, што доведува до нивна фрагментација. Постојните населби не добиваат социо-економски или просторни предности во новиот развој, бидејќи тие имаат тенденција да бидат исклучени од планирањето, или од развојните политики.
Оваа развојна нерамнотежа, повикува на поинтегриран систем на развој, како и поефикасни стратегии за идна одржливост..

Под такви услови, пери-урбаните региони ќе претставуваат алтернативни области кои го исполнуваат јазот меѓу зголемената побарувачка и снабдувачкиот капацитет на урбаните области.

 

 

 

 

Постојна состојба на локација-идентификување на можности и проблеми

 

Локацијата се протега западно од село Стајковци,помеѓу езерцата Смилковци, под Северната обиколница. Ова подрачје е под влијание на континентална средоземна клима. Локацијата му припаѓа на подрачјето кое е изложено на северни и североисточни ветрови.

Локацијата е подложна на континуриано контаминирање предизвикано од работата на фабриката Железара. Поради тоа што подземните води на конкретната локација се наоѓаат на длабочина од 10 – 20м под површината на земјата, околу 20 км2 од површината помеѓу населбите Ченто, Железара, Стајковци и Црешево се контаминираи со арсен, олово, цинк, кадмиум и бакар (тешки метали кои се јавуваат како нус-производ од топењето на феролегури и преку подземните води се разнесуваат низ полињата, уништувајќи ја нивната продуктивност).

 

 

Смилковско езеро

 

Овие податоци се утврдени преку анализи направени од страна на Природно-математичкиот и Технолошко-металуршки факултет во 2012 година, во кои се земени 316 примероци почва од Скопје и неговата околина.

 

 

Од претходно наведените анализи, утврдено е дека на конкретната локација се најдени следните метали во следната концентрација :

Pb (олово) : 85-200 mg/kg (според Холандски стандради максималната дозволена концентрација е 85 mg/kg)

Zn (цинк) : 200-300 mg/kg (според Холандски стандради максималната дозволена концентрација е 140 mg/kg)

Cu (бакар) : 50-190 mg/kg (според Холандски стандради максималната дозволена концентрација е 36 mg/kg)

As (aрсен) : 0,4-0,8 mk/kg (според Холандски стандради максималната дозволена концентрација е 0,3 mg/kg)

Според дадени карактристики оваа локација може да се опише како трет пејзаж. Овој пејзаж се дефинира како спонтан пејзаж кој лесно може да биде зафатен од резидуални простори кои се јавуваат како резултат на претходно експлоатирани простори од страна на различни активности како агрикултура, индустрија или урбанизација и стануваат т.н. засолништа на диверзитет.

Во рурален контекст, резидуалните простори се генерално предели кои не биле компатибилни за агрикултура ( како главна дејност на руралните предели ). Во урбан контекст, тие може да кореспондираат со терминот “waiting lands”: земјишта кои ја чекаат нивната реупотреба

Порастот на градот Скопје го зголемува бројот на вакви резидуални простори,но не кореспондира со растот на третиот пејзаж. Овој процес се повеќе доведува до фрагментација и до редуцирање на комплексни природни површини и видови. Оваа пери-урбана зона е физички резултат на растот на градот, транзицијата меѓу градот, руралното земјиште и природните области и се карактеризира со фрагментирана урбанизација и агрикултура и голема површина загаден и непродуктивен пејзаж. Се што не му треба на градот се  ,,фрла,, во периферијата и станува потенцијален притисок кој го уништува квалитетот на пејзажот и агрикултурата и го намалува биодиверзитетот.

 

 

Заклучокот е дека оваа локација има две затекнати проблемски подрачја:

 

  1. неконтролираното урбано ширење (sprawl) како физички образец на ширење на урбани површини со ниска густина во околната агрикултурна површина

 

  1. контаминацијата на областа од непосредните индустриски капацитети

 

Фиторемедијација-справување со затекнати проблеми

 

Еден од затекнатите проблеми на конкретната локација е континуираното контаминирање предизвикано од работата на индустриските капацитети. Фиторемедијацијата е релативно нова технологија и се базира на користње растенија и микроорганизми присутни во ризосферата, за да се деградираат, отстранат или ублажат загадувачите во почвата и водата.

Растенијата како алатки во овој процес се користат како отстранувачи на тешките метали и органските загадувачи. Ефикасноста на овој процес генерално се базира на справувањето со овие загадувачи без притоа да се создадат штетни влијанија на површинскиот слој на почвата, при што се зачувува нејзината корисност и плодност.

 

 

Фиторемедиацијата како процес е најмногу погоден за примена врз полиња со голема површина каде другите методи за прочистување не се рентабилни или практични.

Од финансиски аспект, фиторемедиацијата остварува многу пониски трошоци за инсталација и одржување во споредба со другите технологии за прочистување. Исто така, воспоставувањето на вегетација на загадени почви помага во спречувањето на ерозијата и протекот на штетните метали преку подземните води. Вториот бенефит од овој процес е тоа што растенија брзо растат,а со тоа се постигнува побрзо и поефикасно прочисутвање на почвата, а по завршувањето на процесот истите може да користат како биомаса ( биолошки материјали кои се согоруваат за да се добие енергија: остатоци од земјоделство или шумарство, отпад од преработка на храна, рефлуентни води од одгледување на животни, урбан отпад итн.) за производство на биоенергија.

Процесот на фиторемедиација опфаќа неколку под-процеси а тоа се:

1 – ризосферна деградација; 2 – фитодергадација; 3 – фитостабилизација; 4 – фитоволатизаија;

5 – ризофилтрација; 6 – фитоекстракција

Дизајнот на системот за фиторемедиација варира во зависност од загадувачите, условите на локацијата, нивото на загаденост како и употребените растенија. Загадувачите и условите на локацијата се можеби најважни фактори во дизајнот и успехот на системот за фиторемедиација.

 

 

Планирана состојба на локација за плански период 2008-2018

 

Бидејќи локацијата не е опфатена со Генералниот урбанистички план на град Скопје, а за истата важат одредбите на Просторниот план на Република Северна Македонија за истата е изработена документација за урбанистички план вон населено место со планска програма за спротско рекреативен центар со компатибилни намени те

домување (класа на намена – А,поткласа А4),комерцијални и деловни намени (класа на намена – Б, поткласа Б5) и зеленило и рекреација (класа на намена – Д, поткласа Д1,Д2,Д3)

Оваа програма го продолжува трендот на класично зонирање,го поттикнува неконтролираното урбано ширење и не нуди никакво решение за контаминирањето од непосредно блиската индустрија како и од новопланираната.

 

                                                                                                                        продолжува…