Стан под падините на Водно / Smart Living

Студио: Smart Living

Фотографии: Андријана Тилич

Локација: Скопје, Македонија

Површина: 180 m2

Архитектонското студио и концепт продавница Смарт Ливинг од Скопје неодамна  го заврши уредувањето на стан под падините на Водно. Предизвик во овој проект беше изострениот скандинавски вкус на клиентите кои живеат во Данска, земја каде секојдневно се сатурирани со врвен чист дизајн. Она што требаше да се достигне е да се пренесе рафинираната ненаметлива атмосфера на одмереност, а воедно да се задржи автентичноста и идентитетот на местото каде што се наоѓа.

Преку чисти линии,форми, флуидност на самиот простор, материјали и бои кои во хармонија комуницираат едни со други, Смарт Ливинг успеа да го задржи единството и да оствари уште една успешна соработка.

Основа