Станбено-административен објект “Аутомакедонија” /фотогалерија/

Објект: Станбено-административен објект со изложбен салон во приземје ”Аутомакедонија”, П+8

Автори:  Крум Томовски, Душан Петков

Година на изведба :  1952-1958

Автори на реконструкција на фасадно обликување:  проф. д-р. Александар Радевски диа, Викторија Ставриќ диа, Димитар Крстески диа
стручен соработник: проф. д-р. Ана Тромбева Гаврилоска дги

Година на реконструкција на фасада :  2017

Локација:  ул. ”Св. Кирил и Методиј” бр.20, Скопје

Фотографии: Борис Јурмовски  /2025/

 

Во центарот на Град Скопје е лоциран објектот на Аутомакедонија, изведен во текот на 50тите години од 20тиот век.
Се состои од два сегменти, станбен, со висина на приземје и 8 ката изразувајќи се како сама по себе реперна точка во централното подрачје на Скопје, додека деловниот сегмент е со висина од приземје и 2 ката.

 

 

станбен сегмент П+8

 

 

 

 

стара состојба на фасада на деловен сегмент;

извор – google maps streetview

Со текот на времето, појавата на површински оштетувања на фасадата на деловниот сегмент, дојдено е до решение до нејзино санирање, и во целост реконструкција со ново решение, изработено од архитектонски тим на Александар Радевски, Викторија Ставриќ, и Димитар Крстески, во стручна соработка со Ана Тромбева Гаврилоска.

Притоа, во процесот на фасадното реобликување, отстранети се старите брисолеи кои создаваа ублажена сенка од дневна светлина во деловните простории, поради поголеми оштетувања и можноста за несакано целосно паѓање врз пешаци во непосредна близина.

 

 

 

новоизведена состојба на фасада

 

 

 

 

 

 

 

 

урбан контекст